Земјоделците од Пелагонија годинава тријат раце. Откупната цена на пченицата вртоглаво расте. Достигна 13 денари за килограм, а поради недостигот на оваа зрнеста храна се очекува ново покачување. Ако до лани производителите се жалеа дека не можат да ја продадат пченицата заради увозот, а цените беа неисплатливо ниските од 6 денари по килограм, сега имаат можност да условуваат зашто недостиг на печница има во цел регион. Тие годинава продадоа само дел од производените колични, остатокот е скалдиран во амбарите и чекаат цената да „скокне“ уште повеќе.
„Педесет проценти од произведениот род се продаде, педесет посто стои по амбарите. Така е зашто нема во светот пченица и се знае дека нешто што го нема на пазарот, ќе му расте цената, тоа е факт. Сега земјоделците очекуваат повисока цена. Дојде цената по 13 денари, а и по 14 се има купено. Доаѓаат од дома ја земаат, ни плаќаат кеш пари на рака“, вели Драги Мицковски од пелагониското здружение на земјоделци „Аграр“.
И покрај ваквите состојби за нив не е оправдено сегашното покачување на цената на лебот зашто мелничарите имаат залихи од печеница која ја купиле по поевтина цена. Поскапувањата велат допрва ќе следат како што ќе расте гладот за лебно зрно.
„Сите мелничари и пекари кои ја имаат зголемено цената треба под итно да ја вратат старата цена на лебот зашто тие купија пченица по 8 -9 денари, нема што да плачат. А зошто лани не го намалија лебот кога ја купија пченицата по 6-7 денари“, вели Мицковски.
Годинава како во Европа така и во Пелагонија преполовени се приносите на жито. Тоа е последица на поплавите за време на есенската и пролетната сеидба.
Педесет проценти од произведениот род се продаде, педесет посто стои по амбарите. Така е зашто нема во светот пченица и се знае дека нешто што го нема на пазарот, ќе му расте цената, тоа е
факт.
„Педесет проценти од произведениот род се продаде, педесет посто стои по амбарите. Така е зашто нема во светот пченица и се знае дека нешто што го нема на пазарот, ќе му расте цената, тоа е факт. Сега земјоделците очекуваат повисока цена. Дојде цената по 13 денари, а и по 14 се има купено. Доаѓаат од дома ја земаат, ни плаќаат кеш пари на рака“, вели Драги Мицковски од пелагониското здружение на земјоделци „Аграр“.
И покрај ваквите состојби за нив не е оправдено сегашното покачување на цената на лебот зашто мелничарите имаат залихи од печеница која ја купиле по поевтина цена. Поскапувањата велат допрва ќе следат како што ќе расте гладот за лебно зрно.
Дојде цената по 13 денари, а и по 14 се има купено. Доаѓаат од дома ја земаат, ни плаќаат кеш пари на рака.