Достапни линкови

Земјоделците против мелничарите?


По зголемувањето на цената на брашното, производителите на пченица ја стопираа продажбата, а упатените најавуваат и нејзин недостиг.

Топлото време и високите температури не влијаат врз житните посеви во земјава, бидејќи жетвата на пченица е завршена, за разлика од најголемата светска житница Русија која привремено го забрани извозот на жито до крајот на годинава. Но, добрите познавачи на состојбите велат дека Македонија нема да има доволно пченица да ги задоволи домашните потреби и очекуваат цената да се зголеми на 12 до 13 денари за килограм. Претседателот на здружението ,,Клас“ и производител на пченица Петре Стојковски вели дека пласманот на пченица оваа година ќе биде помал од очекувањата.
Нема да има доволно, бидејќи оваа година е една од послабите години. Се очекуваше многу поголем принос, отколку што реално го имаше. Значи, скоро за дупло е помал приносот од очекувањата


,,Нема да има доволно, бидејќи оваа година е една од послабите години. Се очекуваше многу поголем принос, отколку што реално го имаше. Значи, скоро за дупло е помал приносот од очекувањата.“

Најавите дека пченицата ќе поскапи од максималните 10 денари за килограм се уште не се реалност, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев. Голем дел од земјоделците не ја продаваат пченицата, бидејќи чекаат да се промени цената, затоа што цената на брашното неоправдано расте, вели тој.

,,Сите мелнички индустрии кога ја откупуваа пченицата цената беше 8 до 9 денари, а сега брашното е над 20 денари, за што нема никакво оправдување. Тие тоа го искористија, тоа што ние го засеавме, да се сопре увозот
Сите мелнички индустрии кога ја откупуваа пченицата цената беше 8 до 9 денари, а сега брашното е над 20 денари, за што нема никакво оправдување
на брашно и на пченица од соседните земји и тоа сега негативно делува.“

И Стојковски вели дека производителите ја стопирале продажбата на пченицата, бидејќи не ни е јасно зошто мелничарите го поскапеле брашното.

,,Се случува нешто што е нерално. Нереалното е тоа што брашното е над 18 денари, а пченицата 8 денари. Во цела Макеоднија неможе врвна пченица да се откупи. Ние секако ќе бараме цена, затоа што ни дадоа предизвик за зголемување на цената, тоа е реалноста.“

Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека доколку мелничарите не ги намалат цените на брашното тие ќе бараат од владата да ја укине забраната за увоз на брашното. Од владата сооштија дека пченица има доволно во Дирекцијата за стокови резерви.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG