Достапни линкови

Бран поскапувања


Поскапување на храната, како ќе се преживее?
Поскапување на храната, како ќе се преживее?

Странските и домашните економски аналитичари предвидуваат бран поскапувања. Покривањето на месечните трошоци ќе биде уште потешко за македонските граѓани.

Поскапување на прехрамбените производи од најмногу 25 проценти предвидуваат анализите на Фајненшл Тајмс, примарно поради сушите во Русија, Казакстан и Украина, кои ги мотивираа тамошните власти да го ограничат извозот на житни култури.
Според економскиот аналитичар Висар Адеми, граѓаните тешко би го поднеле евентуалното поскапување на храната, кое би следело по зголемувањето на расходите за енергенси како на пример парното:
Третата работа од овој бран поскапувања е социјалната класа во Македонија која уште повеќе ќе се осиромашува.


„Најмалку три клучни работи. Првото е дека може да дојде до инфлација, ако продолжи овој бран поскапувања, втората работа е дека ќе се намали потрошувачката на производи во Македонија и проектираниот раст на БДП од 1% се доведува во прашање, затоа што што помалку трошиш, помалку растеш, и третата работа од овој бран поскапувања е социјалната класа во Македонија која уште повеќе ќе се осиромашува.“

Адеми појаснува дека увозната зависност е причинител на проблемот:

„Тоа покажува дека Македонија е многу увозно зависна држава и не е како што викаме ние, не е интегрирана во регионалните пазари, во регионалните економии. Тоа подразбира дека ние само увезуваме репроматеријали, но не извезуваме, затоа тоа е проблематично.“

Министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека власта не може директно да влијае на цените на слободниот пазар, но додава дека може да се интервенира со резервите:
Тоа покажува дека Македонија е многу увозно зависна држава и не е како што викаме ние, не е интегрирана во регионалните пазари, во регионалните економии. Тоа подразбира дека ние само увезуваме репроматеријали, но не извезуваме, затоа тоа е проблематично.


,,Ние не можеме да замрзнеме цени, во пазарна економија тоа не може да се направи, меѓутоа како што кажав, во делот на интервенција преку стоковите резерви, во извесна мерка со пченицата со нејзина пониска цена доколку има таква потреба, тоа е она што можеме како инструмент да го искористиме во таква ситуација.“

На каков стандард ќе „удри“ евентуалното поскапување?

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, на просечниот жител на Македонија со дваесетина илјади денари плата му се потребни нешто повеќе од 11.000 денари за да ја наполни популарно познатата потрошувачка кошничка за прехрана на четиричлено семејство. Статистика од кошничката не ги зема предвид трошоците за комуналии и сретства за лична хигиена, а се поставува и прашањето дали анализата е направена за просечниот Македонец ако се имаат предвид неофицијални проценки според кои 70 проценти од граѓаните земаат помалку од 20.000 денари плата. Тука се и проценките на „Вол Стрит Џурнал“ според кои, со близу 34 проценти невработени, Македонија е лидер во светот.
XS
SM
MD
LG