До крајот на декември Регулаторната комисија за енергетика треба да ја донесе конечната одлука дали ке има промена на ценатата на струјата од наредната година . Ова во најголема мера ке зависи од барањата на ЕЛЕМ односно на ЕВН и на МЕПСО кои годинава прикажуваат дека реализирале поголеми инвестициски зафати, од што може да се заклучи дека сите ќе бараат нагорна цена на корекциите и услугите. Портпаролот на ЕЛЕМ Мирче Котевски вели дека дали граѓаните и фирмите ке плакаат повисока цена на струјата зависи од одлуката на Комисијата.
„Класично барање нема врз основа на тие трошоци, но факт е дека слушавме дека цената на увозната струја е помала годинава, па не би требало да има, ама тоа е само еден параметар. Имаше инвестициски циклус.“
Според Атнаско Туновски пресудна улога за зголемување на цената на струјата треба да има сериозноста на инвестициите на компаниите. Тој исто така посочува дека една од ставките врз чија основа ќе се носи одлуката за цената на струјата од наредната година се однесува и на фактот дека во меѓувреме падот на увозната струја годинава поради кризата и намалената побарувачка не влијаеше со промена на цената кај нас.
„Од тој аспект, треба струјата и да поефтини, но ќе видиме сега што Регулаторната комисија ќе каже. Можеби трошоците на компаниите се зголемени да биде ова компензирано. Ќе видиме што точно пресметките ќе кажат, но треба овие компании да покажат сериозни инвестиции, значи не да речат тековно ми се зголемени трошоците.“
Останува Регулаторната комисија да ги провери податоците. Инаку доколку дојде до корекција тоа ке бидат мали проценти што нема да значат големо оптоварување на цената која е пониска во споредба со земјите во регионот. Но тоа негативно ке влијае врз оние слоеви на население кои немаат приходи и мора да се води сметка и за таа димензија на приказната вели Туневски.
„Тие не можат и постоечките сметки да ги платат, па камо ли за некој процент зголемени сметки за струја. Мора да се внимава на најпогодените слоеви и да се најде начин тие да имаат бенефиции во плаќањето.
Класично барање нема врз основа на тие трошоци, но факт е дека слушавме дека цената на увозната струја е помала годинава, па не би требало да има, ама тоа е само еден параметар. Имаше инвестициски циклус