Достапни линкови

Сиромаштија


Повеќето од граѓаните едвај преживуваат, задолженоста расте, домашните компании не можат да си ги наплатат услугите... Економската криза се продлабочува, сиромаштијата притиска.

Најскапиот автомобил во Македонија е Мерцедес Мекларен кој чини 550 илјади евра и е во сопственост на кумановски бизнисмен. Една од најлуксузните автомобили во светот се вози и по скопските улици, Мерцедес Мајбах кој вреди до 270 од 500 илјади евра и е во сопственост на газда на медиум и приватен факултет. Ферари, Ауди ку7, Јагуар и БМВ се дел од сликата на македонските улици и патишта. Но по скопските улици освен скапи автомобили се забележуваат и стари застави, фиќо, југо па дури и запрежни коли. Контрастот е лесно воочлив, само погледнете што поминува покрај вас на пешачки премин додека чекате зелено светло за да преминете улица.

Македонија земја на економски контрасти


Големата социјална разлика меѓу граѓаните во земјава е лесно забележлива, јазот меѓу сиромашните и богатите секојдневно се
Примаме три и пол просечни плати, секако трошоците кои што ги имаат пратениците и обичните луѓе не се исти. Нашата работа бара дополнителни патувања, средби со луѓе итн, но далеку од тоа дека не сум задоволен.
зголемува. Според последните статистички податоци една третина од луѓето во земјава се сиромашни. Некој преживува со две илјади денари месечно како социјална помош, а некој зема плата со повеќе од 5 нули. Според последните податоци министрите, пратениците и високите државни функционери земааат плата од 50 до 70 илјади денари. Но, и тие велат дека од пари никогаш доста. Дел од претениците велат дека е неблагодарно да се жалат. Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека македонските пратеници имаат релативно добри плати.

„Примаме три и пол просечни плати, секако трошоците кои што ги имаат пратениците и обичните луѓе не се исти. Нашата работа бара дополнителни патувања, средби со луѓе итн., но далеку од тоа дека не сум задоволен.“

Андреј Жерновски од ЛДП вели дека плата му е доволна, но домаќински ја троши.

„Се разбира дека купувам на попуст затоа што морам да го прават тоа што не сум сам, туку имам и деца чии потреби морам да ги задоволам.“

Дел од пратениците како и обичните граѓани користат кредити за да пополнат дупки во џебот. Николовски вели дека само што го исплатил својот кредит, додека Жерновски вели дека до сега не користел кредити.

„Досега не. Се обидувам да избегнам затоа што не сакам да влезам во таа замка, не знам дали ќе се случи тоа во иднина.“

Задолженоста на граѓаните расте

Секој вработен во држава има банкарски долг од речиси две илјади евра. Според последната статистика на Народна банка на Македонија, во февруари годинава граѓаните користеле кредити од банките и од штедилниците во вкупна вредност од 1,16 милијарди евра, што е речиси 20 проценти од домашниот бруто-производ.

Експертите велат дека е загрижувачки фактот што трендот на задолжување во земјава
Живот на кредит. Задолженоста на граѓаните расте
е во пораст, се повеќе луѓето користат кредите за да ги задоволат своите месечни потреби а не за да купат стан или автомобили.

„Успевам да си ги платам сметките, школувам деца и одржувам фамилија, но со многу откажувања. Одморот ми е мисленка именка веќе 30 години, и во другиот систем неможев да го користам, затоа што никогаш не било доволно со работничка плата.“
Успевам да си ги платам сметките, школувам деца и одржувам фамилија, но со многу откажувања. Одморот ми е мисленка именка веќе 30 години, и во другиот систем неможев да го користам, затоа што никогаш не било доволно со работничка
плата.

Кога последен пат сте биле на одмор?

„Па многу одамна, има преку 20-30 години. Бидејќи каде да одам, не стигнува од први до први, а камоли и на одмор да одиш.“

Просечната плата според државниот завод за статистика е 20 илјади денари, но реално толку пари земаат вработените во јавната администрација, од 15 до 25 илјади денари. Директорите на јавните претпријатија имаа нешто пониски плати од државните функционери , нивната плата изнесува над 30 илјади денари. Луѓето што се вработени во јавната администрација се незадоволни од парите што ги земаат велат не стигнуваат.

„20 илјади денари примам месечно и тешко е, меѓутоа се снаоѓаме, штедиме и така.“

Граѓаните велат дека најчесто еден член во семјството е вработен и со една плата тешко се издржува.

„Јас сум стечаец, само мојот сопруг работи имаме месечни примања од 18 илјади денари, со тие пари можеме да си ги платиме сметките, струјата, водата, телефонот, комуналиите и ни останува некаде околу 4000 денари за сите други трошоци. Значи нам ни требаат уште некаде 20 илјади денари за да имаме нормален живот.“

За лошиот живот, граѓаните велат дека е виновна државата која не се грижи доволно за нивните потреби.

„Затоа што веќе е срамота во една држава да се живее на еден мизерен начин, на граница каде луѓето не можат да купат леб и млеко. Тие многу убаво живеат, не знаат што да прават со приходите, а народот гладува.“

Но, најлошо се снаоѓаат оние што останале без работа. Се почесто одат од врата на врата и просат за парче леб.
Вејсел Џеват е 50 годишен стечаец кој во последниве 10 години користи социјална помош од две илјади денари. Тие пари, вели, ни на сон не можат да му стигнат за да ги нахрани своите три деца.

Трговскиот центар празен. Се повеќе дуќани се затвораат
„Работам кај едни луѓе, чистам и 200 денари ми даваат на две недели, и кај уште некои други луѓе чистам и работам и од кај нив, што значи тоа се некаде околу 400 денари во месецот и нема друго што да правам, одам вака и ако ми помогнат луѓето добро, ако не тоа е.“

Но, Џеват се прашува колку може сиромав на сиромав да му даде пари.

„При просење не може секој да ти дава и луѓето немаат, ако најдеш некој човек што сака да ти помогне ќе ти даде 50-100 денари и ќе тропнеш уште еднаш и вели, сум ти дал, немој да тропаш веќе. И затоа се откажувам од тоа, кој има ќе даде, кој не тоа е.“

Бројот на невработени и незадоволни расте. Само ако прошетате низ трговските центри во Скопје ќе забележите празни дуќани, обложени со хартија на кои пишува последна распродажба пред затварање. Само минатата година според податоците на Централен Регистер се затворени повеќе од 4 илјади фирми во првите девет месеци. Стопанствениците се жалат дека приватниот сектор се гуши. За проблемите во приватниот сектор зборувавме со претседателот на здружението на градежни фирми, Никола Велковски. Тој вели дека гражениот сектор е во тешка состојба затоа што државата не ги почитува своите правила на игра бара услуги кои не ги плаќа.
Ние имаме доста давачки како инвеститори кон државните институции, владини институции каде не се плаќа навремено, а ние бидејќи фактурираме мора сите давачки да ги платиме, значи на неподмирени фактури ние мора давачките кон државата да ги подмируваме. И сега пресметајте колку е тоа дополнително оптоварување
за нас.


„Ние имаме доста давачки како инвеститори кон државните институции, владини институции каде не се плаќа навремено, а ние бидејќи фактурираме мора сите давачки да ги платиме, значи на неподмирени фактури ние мора давачките кон државата да ги подмируваме. И сега пресметајте колку е тоа дополнително оптоварување за нас.“

Колку фирмите можат да ги задржат работниците во вакви услови?

„За жал морам да ви кажам дека најголемиот проблем сега е што немоќта, неликвидноста на фирмите доведува до тоа да бидат принудени дел од вработените да ги отпуштаат, значи прават рационализација на вработените и затворање на фирмите, а негледаме дека некој е загрижен за оваа состојба. Не знам што повеќе треба да сториме за да укажеме дека состојбата во стопанството не е розова.“

Што е тоа што ги притиска приватните фирми во основа?

Евидентен факт, дека огромната администрација еден ден ќе затвори многу фирми, затоа што не може тие давачки, треба да се најдат форми како да се стимулира и да му се помогне на стопанството.“

Превработувања во јавната администрација

Неофицијалните податоци говорат дека во јавната администрација се вработени повеќе од 140 илјади луѓе.
До сега, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор не излезе со податок колку од ново вработените луѓе во последниве две години земаат месечно по 18 илјади денари плата, а седат дома. Според определени медиумски информации станува збор за околу илјада луѓе кои се на трошок на буџетот што го полнат граѓаните. Дел од незадоволните граѓани нудат креативни решенија за справување со големата јавна администрација.

„Јас би дала еден предлог до владата. Младинава што по цела ноќ пуши треви, седи по кафе барови и се одаваат на алкохол, да ги вработат. Ако ништо друго цела Македонија е гола, нека земат нека ја пошумат и нека ги вработат и младите, нека има и повеќе фабрики, сите фабрики ги затворија.“

Дури и една пратеничка група кој го бојкотира Собранието зема редовно плата затоа што се оправдано отсутни. Една од редовните забелешки во извештаите за напредокот на Македонија од Европската Комисија е гломазната јавна администрација. Да се стави крај на ова прашање редовно потсетуваа и амбасадорите.

Хајд Парк - Дали во Македонија има вистинска сиромаштија или луѓето неосновано се жалат. Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Хајд Парк - Вистинска или лажна сиромаштија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG