Ранци, училишен прибор и зимска облека донираше Американската амбасада во Македонија за 450 деца бегалци згрижени во Центарот за подршка на бегалци при Црвениот крст во скопската населба Шуто Оризари. Овој центар работи на згрижување на бегалците од Косово од конфликтот од пред речиси десет години. Дел од бегалците веќе се вратени во родните земји или се иселиле во странство. Центарот моментално работи со 400 семејства, или 1500 лица кои се уште не се вратиле дома, вели Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст во Скопје.
„Во текот на оваа година очекуваме некаде околу 250 луѓе да се вратат, бидејќи нивните домови се во процес на реконструкција, а останатите очекуваме да се интегрираат во нашето општество и да бидат жители, граѓани на оваа земја. Сите овие лица се сместени во регионот на Шуто Оризари исто така има дел сместено во Куманово и Тетово и околните села во Скопје.“
Бегалците добиваат паричен надоместок од Министерството за труд и социјална политика, имено стандарден надоместок за социјалните случаи кои живеат во земјава, појаснува Пауновска:
„Се трудиме да го ублажиме таа слаба економска состојба. Разликата е во тоа што овие луѓе се со многу ниско образование. Значи дел од овие 1500 лица што се останите тука, родителите и постарите луѓе, имаат многу низок степен на образование и за нив е многу тешко да се изнајдат трајни решенија во државата.“
Од друга страна, позитивно е тоа што оваа година има повеќе деца бегалци кои се запишуваат на училиште вели секретарот на Црвениот крст во Скопје.
„Пред две години бројот на децата што се запишаа во училиште беше само 67%, за да веќе оваа школска година имаме 97% на запишани деца што ќе посетуваат настава и ќе бидат дел од системот на образованието во нашата држава.“
Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер на доделувањето на помошта во вредност од над 22.000 американски долари, го потенцираше значењето на првиот училишен ден:
„Првиот ден на училиште е секогаш многу возбудлив. Овој ден може да значи, нова облека, нови моливи, тетратки, нови наставници и пријатели и секогаш треба да значи ветување дека ќе се учи и големи можности.“
Во текот на оваа година очекуваме некаде околу 250 луѓе да се вратат, бидејќи нивните домови се во процес на реконструкција, а останатите очекуваме да се интегрираат во нашето општество и да бидат жители, граѓани на оваа земја. Сите овие лица се сместени во регионот на Шуто Оризари исто така има дел сместено во Куманово и Тетово и околните села во
Скопје.