На невладините организации им е потребен поголем меѓусебен дијалог, потребно е да бараат партнери во заедницата, бизнис секторот и медиумите, како и да имаат заедничка стратегија за поголемо влијание во општеството, велат експертите. Според нив најважно е да се стави крај на политиката во нивното работење, како и владата да им обезбеди поголема достапност до информации. Владата мора да ги прифати невладините организации, како партнери во креирањето на иднината на земјата, вели американскиот амбасадор Филип Рикер, кој имаше свое излагање на конференцијата Граѓанските организации - партнери за успех. Улогата на граѓанското општество е важна за Македонија, ако таа сака да стане членка на НАТО и Европската унија, вели тој.
„Ако граѓанскиот сектор во оваа земја е поделен, ако постои недоволен дијалог помеѓу невладините организации и другите во општеството, вклучувајќи ја и Владата, тогаш ќе има малку простор за напредок по кое било прашање.“
Рикер изрази и загриженост за се поголемото влијание на власта врз невладиниот сектор.
„НВО-та што ја критикуваат Владата дури и оние што даваат конструктивни критики се подложени на вербални напади или се етикетираат како пиони на опозицијата. Од ова произлезе нездрава средина за делување на невладините организации.“
Невладините орагнизации се често жртви на политички пресметки, вели комуникологот Седат Жигал.
„Значи постојат НВО кои што делуваат прилично полезно за самото општество, но некако во огнот помеѓу главните политички чинители, страдаат. Неминовен е фактот дека постои голем број на Невладини организации што се продолжена рака на централните политички центри.“
Конференција беше завршен дел од проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од американската агенција УСАИД, а реализиран во соработка со Европскиот центар за непрофитно право Конект, Македонскиот институт за медиуми и Центарот за Институционален развој. За негова реализација беа потрошени 7 милиони долари.
Ако граѓанскиот сектор во оваа земја е поделен, ако постои недоволен дијалог помеѓу Невладините организации и другите во општеството, вклучувајќи ја и Владата тогаш ќе има малку простор за напредок.
„Ако граѓанскиот сектор во оваа земја е поделен, ако постои недоволен дијалог помеѓу невладините организации и другите во општеството, вклучувајќи ја и Владата, тогаш ќе има малку простор за напредок по кое било прашање.“
Рикер изрази и загриженост за се поголемото влијание на власта врз невладиниот сектор.
„НВО-та што ја критикуваат Владата дури и оние што даваат конструктивни критики се подложени на вербални напади или се етикетираат како пиони на опозицијата. Од ова произлезе нездрава средина за делување на невладините организации.“
НВО-та што ја критикуваат Владата дури и оние што даваат конструктивни критики се подложени на вербални напади или се етикетираат како пиони на опозицијата.