Достапни линкови

Македонија – САД, стратегиско партнерство


Министрите Милошоски и Бесими на состанокот на Комисијата за надворешна политика
Министрите Милошоски и Бесими на состанокот на Комисијата за надворешна политика

Не случајно кога разговараме за Соединетите американски држави, го користиме терминот стратегиско партнерство, рече во своето обраќање Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Тој додаде дека соработката со Соединетите Американски Држави бележи напредок и на политички и на економски план.

Билатералната трговска размена меѓу македонија и САД минатата година се проценува на 120 милиони американски долари. Тоа е зголемување за една третина во споредба со 2005 година, додаде Милошоски, изразувајќи надеж дека во скоро време за македонскиот пазар ќе се заинтересираат повеќе американски инвеститори.

Министерот изрази благодарност за, како што рече, особениот интерес на Америка за прашањата кои се од интерес на Република Македонија, посочувајки го спорот со соседна грција околу името. Македонија и грција ја склучија времената спогодба со соседна Грција со посредство на САД и со помош на тогашниот американски амбасадор во земјава. За жал спогодбата беше прекршена од страна на Грција на Самитот на НАТО алијансата во Букурешт.

На денешната комисија за надворешни работи свое обраќање имаше и министерот за Економија Фатмир Бесими, кој исто така им се заблагодари на соединетите држави за нивната подршка на македонската економија. Бесими изрази задоволство од соработката на државните институции со на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој. УСАИД ги координира идните активности во согласност со приоритетите на државните институции, со што е обезбедена континуирана соработка, рече Бесими.

На маргините на денешниот состанок на комисијата Министерот за надворешни Милошоски се наврати и на спорот со името со соседна Грција. Тој рече дека на министерскиот состанок во Кордоба комесарот Филе го известил за неговиот интерес да оствари контакти со посредникот во грчко – македонскиот спор Метју Нимиц. Ние немаме ништо против. Сметаме дека дополнителното информирање на врвните членови на Европската комисија за овој билатерален спор кој Грција го злоупотребува во контекст на европските интеграции на Македонија може да има само корист, изјави Милошовски. Запрашан за средбата на Папандреу со американскиот претседател Барак Обама, министерот одби да коментира, додавајќи дека македонските власти се во постојан контакт со пријателите од Вашингтон.
XS
SM
MD
LG