Министерот за правда Михајло Маневски не го видел извештајот на Стејт Департментот за човековите права и не сака да го коментира пред да го прочита. Но сепак за нивните забелешки дека има застој во судските реформи, тој вели дека напротив, реформите во судството се одвиваат со темпо кое е предвидено со стратегијата за реформи.
Опозиција: Нашите забелешки сега доаѓаат од највисоко дипломатско ниво
Од опозицијата пак сметаат дека забелешките во извештајтот се објективни.
„Малку е непријатно што истите работи што ги зборува опозицијата сега доаѓаат од највисоко дипломатско ниво, директно од САД и крајно време е власта да се освести и да работи на подобрување на овие проблеми коишто веќе не се кривица на опозицијата како штоцело време сакаат да не обвинат, туку објективна слика за Македонија која ни ја испорачуваат од странство,“
вели потпреседателот на СДСМ, Гордан Ѓоргиев.
Мирјана Најчевска од ЛДП која е и активист за човекови права вели дека доколку извештајот се чита внимателно може да се каже дека е и негативен. Професор Најчевска вели дека состојбите со човековите права и слободи во земјата со години стагнираат, па дури може да се каже дека и назадуваат.
„А уште повеќе назадува со зголемување на разликата на јазот меѓу нас и развиените демократски држави. Во оваа смисла Македонија веќе почнува да губи на сите полиња, односно не можеме да го достигнеме темпото на развој во оваа област, кое не е карактеристичо само за Европа туку се шири и во целиот свет.“
Хелсиншки Комитет: Реална слика за ситуацијата во Македонија
Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека извештајот на Стејт департментот ја отсликува реалната ситуациај во Македонија. двокатот Тони Минкиновски од Комитетот вели дека генерално има напредок во почитувањата на правата на луѓето. Како пример тој го наведува ратификувањето на протоколот 14 на Советот на Европа со кој луѓето полесно ќе си ги остваруваат своите права.
„Доколку македонските граѓани се чувствуваат загрозени од актите на државата можат слободно за кратко време да аплицираат пред Судот во Стразбур и да остварат права во Република Македонија, што значи еден коректив на македонскиот систем како бумеранг ефект,“
велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Опозиција: Нашите забелешки сега доаѓаат од највисоко дипломатско ниво
Од опозицијата пак сметаат дека забелешките во извештајтот се објективни.
„Малку е непријатно што истите работи што ги зборува опозицијата сега доаѓаат од највисоко дипломатско ниво, директно од САД и крајно време е власта да се освести и да работи на подобрување на овие проблеми коишто веќе не се кривица на опозицијата како што
Крајно време е власта да се освести и да работи на подобрување на овие проблеми коишто веќе не се кривица на опозицијата како што цело време сакаат да не обвинат, туку објективна слика за Македонија која ни ја испорачуваат од странство