Достапни линкови

Непочитувањето на човековите права и натаму проблем


Логото на Human Rights Watch
Логото на Human Rights Watch

И покрај декларативните заложби на надлежните институции дека правата максимални напори да се подобри лошата слика, сепак и натаму се бројните повредите на правата на граѓаните. Тие најмногу се жалат на судството, велат упатените.

Непочитувањето на човековите права и натаму останува еден до проблемите за кој постојано добиваме критики не само од домашната јавност туку и од меѓународните фактори. Речиси во сите сегменти може да се детектираат корпус на социјални права кој државата воопшто не ги почитува. Најделикатна е состојбата со функционирањето правосудството а ништо подобро не е и со работата на полицијата.

Впрочем, најчесто на адреса на овие институции пристигнуваат предупредувачките абери во неколкуте последни извештај на „Амнести нтернешанал“ и Судот за човекови првата. И покрај декларативните заложби на надлежните институции дека правата максимални напори да се подобри лошата слика, сепка и натаму се бројните повредите на правата на граѓаните, оценуваат нашите соговорници.

„И оваа година, бројките покажуваат дека сеуште граѓаните најмногу се жалат на сусдтвото, а потоа следат полициските постапувања и затворите.“

вели за Слободна Европа Народниот правобранител Иџет Мемети

Алармантна е сотојбата и со заштитата на владеењето на правото и слободата на изразување. Во истовреме како да се навикнавме да бидеме сведоци на наместени судски пресуди или вo најмала рака мешање на извршната во судстака власт.За Hелсиншкиот комитет, ова е доволна потврда за кревкиот демократски систем kоj наместо да се јакне тој се повеќе се поткопува.

„Гледате парламентот експерсно донесува закони кои Уставниот суд експресно ги прогласува за неуставни. Имате министер за правда кој крши закон, а мува не го лази.“

изјави Исо Руси од хеслинскиот комитет

Недоволното познавање на функционирањето на меѓународните систем на заштита на човековите права како и индолентниот и несериозен однос на македонските политичари во однос на ова прашање ги губи споровите пред Судот за човекови права:

„Во државата е недоизграден ефикасен систем на заштита на човековите права. Зборувам за судски систем. Второ, спороста на постапките пред судовите во Република Македонија и немање постапка во која ќе може да барате заштита на своите права, останува главниот проблем,“

оценува, универзитетскиот професор Sвонимир Јанкуловски кој пред неколку години беше и македонски амбасадор во Стразбур.
XS
SM
MD
LG