Достапни линкови

Aмериканска опрема за македонската гранична полиција


Опрема од САД за македонската гранична полиција и царина
Опрема од САД за македонската гранична полиција и царина

Американскиот амбасадор Филип Рикер и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска присуствуваа на церемонијата на донација на опрема за пограничната полиција и царинската управа. Донацијата е дел од поддршката на американската влада за Македонија која има за цел зголемување на капацитетите на Македонија во борбата против трговијата со оружје и нелегалното движење на стоки и луѓе.

Опремата што ја добија граничната полиција и Царинската управа ќе послужи за да се спречат дејствија како што беше минатонеделниот настан кај Блаце, изјави денеска американскиот амбасадот во земјата, Филип Рикер. Рикер изјави дека донираната
Секој кој ги подржува ваквите активности им штети на евро-атланските аспирации на земјата. Насилните активности не треба да се толеритаат, и затоа меѓународната заедница повика на политички дијалог, заедно да се работи за да се решат проблемите на земјата.
опрема ке го спречи илегалното тргување со оружје, луѓе и наркотици, а тоа ќе допринесе до поголма безбедност. Амбасадата на САД во Македонија го поздрави начинот на кој полицијата се справила со предизвиците при заштита на сопствените граници. Рикер уште еднаш како и во заедничкото писмо на САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ повтори дека насилствот не треба да се толерира и повика на политички дијалог, и ги охрабри политичаите наместо да гледаат наназад да се свртат кон иднината.

„Секој кој ги подржува ваквите активности им штети на евро-атланските аспирации на земјата. Насилните активности не треба да се толеритаат, и затоа меѓународната заедница повика на политички дијалог, заедно да се работи за да се решат проблемите на земјата.“

Одговорноста за настанот кај Блаце, го презеде „ОНА“ преку соопштение.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска вели дека откриле од каде доаѓа соопштението.

„Според адресата од која е испратено соопштението се работи за сервер во Швајцарија. До сега од она што можев да го слушнам, практично ниту една од политичките партии не изрази позиција на солидаризација или позиција на препознавање на лицето кое стои како потписник на соопштението.“
Според адресата од која е испратено соопштението се работи за сервер во Швајцарија. До сега од она што можев да го слушнам, практично ниту една од политичките партии не изрази позиција на солидаризација или позиција на препознавање на лицето кое стои како потписник на соопштението.

Јанкуловска уште еднаш потенцираше дека се контролира целата териорија на државата и дека безбедносната состојба е стабилна. Донираната опрема и обуките за вработените гранични полициајци и цариници, ќе доприне да се спречи трговијата со хемиско, биолошко и нуклеарно оружје , кое може да се искористи за масовно уништување, велат од американската амбасада. Метју Џонс, раководител на секторот за контрола на границите, вели дека им помагаат на македонските гранични власти да откријат материи кои понатаму можат да бидат искористени за создавање на оружје за масовно уништување.

„Македонија нема нуклерани централи, вие не произведувате многу штетни материи, но вашата земја е транзитна зона , низ која поминуваат опасни супстанции кои се пренесуваат од Исток кој Запад и можат да се искористат за масовно уништување.“

Вкупната вредност на донираната опрема изнесува околу 200 илјади долари.



  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG