Достапни линкови

Рецесијата заврши, кризата трае


Ако добро се изанализираат, податоците од Заводот за статистика дека Македонија излегува од рецесија ќе видиме дека тие податоци не се добри, туку се поразителни за Македонија, вели потпретседателот на Обединети за Македонија Ден Дончев.

Тој вели дека објавениот раст од 1,2 отсто се должи на надворешниот сектор. Дончев посочува дека во споредба со истиот период минатата година, извозот е намален за 50 милиони евра, но увозот е намален за околу 120 милиони евра и со тоа Македонија доаѓа „во
Тоа неминовно значи дека домашната компонента, домашната локомотива, домашните производители, доживеале катастрофален пад во економската активност, што била приближно 13 отсто во последните три месеци во 2009 година.
ќар“ од околу 70 милиони евра. Исплатени се дивиденди и камати од фирми во Македонија кон надвор за 75 милиони евра помалку од лани, а за околу 130 милиони евра се зголемени девизните дознаки од странство, вели тој.

Дончев вели дека поради тоа на тековната сметка има зголемување од 261 милиони евра при мерењето на БДП, што е раст за околу 14 отсто, но според Заводот за статистика растот на БДП-то е 1,2 отсто.

„Тоа неминовно значи дека домашната компонента, домашната локомотива, домашните производители, доживеале катастрофален пад во економската активност, што била приближно 13 отсто во последните три месеци во 2009 година.“

Бројот на работници во индустријата во февруари, е намален за 7,6 отсто во однос на истиот месец, минатата година. Индустриското производство, пак, бележи пад од 13 отсто. Речиси иствремено со објавувањето на овие податоци, Заводот за статистика објави дека Македонија излегува од рецесија.

Министерот за финансии Зоран Ставрески, коментирајќи го намалувањето на бројот на работници во индустријата, завчера порача дека излегувањето од рецесија не значи и излегување од кризата.
Во денешно време не е само индустријата таа која што вработува, во голем дел се и услугите, градежништвото и други сектори, така што треба да се гледа целокупната слика кога се анализираат состојбите во економијата.


„Во денешно време не е само индустријата таа која што вработува, во голем дел се и услугите, градежништвото и други сектори, така што треба да се гледа целокупната слика кога се анализираат состојбите во економијата.“

Граѓаните, пак, велат дека кризата кај нив не дошла со светската економска криза, ниту пак нешто им значи излегувањето од рецесија.

„Гледате како е се поскапо.“
„Да се вработат луѓето, нема да има сиромаштија.“

Македонија официјално влезе во рецесија лани во август, откако две тримесечја по ред имаше пад на економијата.

Опозицискиот СДСМ, веднаш по објавувањето на податоците за излез од рецесијата, порача дека владата веќе нема да може да ги правда „лошите економски резултати“ со светската економска криза.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG