Достапни линкови

Светската криза причина за намалениот број работници


Работници
Работници

Според експертите светската економска криза е причина за намалувањето на бројот на вработени во индустријата, што според податоците на Заводот во статистика во месец јануари се намалил за околу седум и пол отсто. Од Сојузот на Синдикати на Македонија сметаат дека и недостатокот од суштински антикризни мерки, е исто така причина за оваа состојба.

Намалувањето на бројката на работници во индустријата е последица на светската економска криза и поради тоа што анти кризните мерки на Владата немаат ефект, велат експертите. Бројот на работниците во индустријата во јануари бележи пад за околу 7 ипол проценти во однос на истиот месец во минатата година според податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу бројот на
Причината за овој пад на бројката на вработени во индустријата ние ја гледаме во тоа што навистина немаме некои вистински антикризни мерки од Владата
работници е намален во секторот вадење руди и камен и тоа за 9,3 насто. Нашата земја е една од ретките каде Владата не им помогна на работниците да си ги задржат своите работни места за време на кризата, вели потпаролот на сојузот на Синдикати на Македонија, Милан Живковиќ.

„Причината за овој пад на бројката на вработени во индустријата ние ја гледаме во тоа што навистина немаме некои вистински антикризни мерки од Владата. ССМ укажуваше и ќе продолжи да укажува на тоа кои треба да бидат вистинските антикризни мерки за индустријата, односно за целиот приватен сектор со кои вработените ќе си ги задржат своите работни места, а работодавачите нормално ќе имаат можност да остваруваат профит.“

Бројката на отпуштени работници не е новина и таа е последица на светската економска криза која се рефлектира и во нашата земја, вели експертот Осман Кадриу.
Оваа бројка до сега се прикажува како бројка на невработени поради падот на производството, не е новина затоа што оваа бројка во последен период има тенденција постојано да расте и ова е резулатат од финансиската криза


„Оваа бројка до сега се прикажува како бројка на невработени поради падот на производството, не е новина затоа што оваа бројка во последен период има тенденција постојано да расте и ова е резулатат од финансиската криза.“

За разлика од нив претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов вели дека оваа година рудниците за метали го зголемиле своето производство и дека тие немаат потреба да отпуштаат работници.

„Рудниците за метали во моментов работат со полн капацитет. ,,Бучим" има вработени во преработено во февруари скоро милион тона рудна маса, што е за 60% повеќе од минатата година. Падот на индустриското производство не треба да се бара во рудниците за метали.“

Живковиќ вели дека Синдикатот се обидел да влијае врз работодавачите да не ги отпуштаат вработените, но дека владата е таа која треба да интервенира, иако прашање е и тие дали ќе бидат ефективни.

„Повторно бараме од Владата да се обиде да најде некој нов пакет на антикризни мерки, но очиглено сме сведоци дека Владата самата кажа, да не се очекува нешто многу од овој пакет антикризни мерки, а ние пак прашуваме, зошто тогаш се носи овој пакет антикризни мерки.“

Индустриското производство пак во однос на истиот период во претходната година бележи пад за 2,9 проценти според Државниот завод за статистика. Најмногу е намален обемот на работа во преработувачката инустрија, додека во пораст е во секторот снабдување со електрична енергија вода и гас, како и вадење руди и камен.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG