Достапни линкови

Економијата низ интервјуата на Радио Слободна Европа


Ќе тргне ли македонската економија напред во 2010?
Ќе тргне ли македонската економија напред во 2010?

Од глобални рамки во секој џеб. 2009 година беше година на економска криза, но и на првите знаци на излегувањето од финансиките тешкотии, особено кај најбогатите држави. Оние како Македонија, според експертите, се уште ќе ги чувствуваат последиците од најголемата криза што го зафати светот во последните неколку децении.

Репник: Извозот, приливот на странски пари во земјава и странски директни инвестиции не ни одат во прилог

Македонската економија онака како што некаде во почетокот на 2009 година ја виде постојаниот претставник на Светската банка во Македонија Маркус Репник?

Дозволете ми да почнам од глобална перспектива. Како што сите знаете со соочуваме со една глобална, историска економска криза која брзо се шири. Пред десетина дена Меѓународниот монетарен фонд ги презентираше најновите светски економски перспективи и глобалните прогнози за економскиот раст. Според нив за 2009 година прогнозите за економскиот раст се севедени скоро на нула, што значи дека во 2009 година ќе има најниска стапка на економски раст од времето на Втората светска војна. Европа е во рецесија. Економскиот раст во Европа ќе биде негативен и ќе изнасува -2 проценти. Во 2007 и 2008 во Македонија економскиот раст изнесуваше 5, 6 насто. Нашите проценки покажуваат дека годинава тој ќе биде значително понизок и ќе изнесува околу 3 проценти. Ако ги погледнеме трите клучни елементи на македонската економијата, проекциите и прогнозите не ни одат во прилог.. Тоа се извозот, приливот на странски пари во земјава и странски директни инвестиции. 60 проценти од македонскиот извозен пазар е во Европа, таа е во рецесија, и според првите ефекти видовте дека извозот претрпе последици.
Македонска економија - Интервјуа на РСЕ
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:42 0:00

Штериев: Пазарите се циклични

Во услови на светската финансиска криза Македонската берза ги доживеа најголемите падови од нејзиното постоење Каде извршниот директор на берзата Иван Штериев ја гледаше перспективата за берзанско тргување?

Дефинитивно нашата берза е максимално вклопен во регионалните финансиски текови, а оттука и со глобалните текови. Имаме висок степен на интеграција, што во принцип е нов квалитет и добар потенцијал. Е сега, во услови на вакви турбуленции, тоа значи и увезување на екстерни шокови како што покажа минатата година, но во принцип опоравувањето на светските и регионалните берзи ќе се почувствува и кај нас. Друга работа е со која динамика тоа ќе се случи пошироко од македонската берза. Како што реков, пазарите се циклични. Оптимизмот секогаш може да преовлада и инвеститорите да ги препознаат примамливите можности за оплодување на своите средства преку вложување во акциите што се тргуваат не берзата. Креаторите на економската политика исто така тоа го посакуваат и останува да видиме во кој правец тоа ќе оди и со каква динамика.

Ки: Инвестициите под влијание на економската криза

Во една светска економска криза, според експертите, се намалува и динамиката на инвестирање. Дали тоа беше единствената причина и за недостигот на големи странски инвестиции во Македонија. Британскиот амбасадор Ендрју Ки за заинтересираноста за влез на британски инвестиции во Македонија:

Глобалната ситуација е многу тешка. Кога станува збор за нови инвестиции тоа ќе биде под влијание на глобалната криза. Имам сеуште состаноци со британски бизнисмени и во моментов сметам дека многу е важно за Македонија да продолжи со напорите да ја подобри својата бизнис клима. Кога глобалната клима ќе се подобри важно е тука во Македонија да има добра клима. И сметам дека најголемата реклама за нови инвеститори ќе биде успех на сегашните.

Маршал: Корупцијата негативно влијае на економијата


Една од главните пречки за поголем влез на странски капитал во Македонија, секако е корупцијата. Како најпогодена област во Македонија од оваа негативна појава, според меѓународните агенции, е судството. Што за ова вели Миклош Маршал, регионален директор за Европа и Централна Азија на Транспаренси интернешнал.

За жал тоа има многу негативно влијание во општеството затоа што како што знаеме, во секоја пазарна економија засилувањето на владеењето на правото е основно. Ако нема владеење на правото и без компетентен судски сектор, пазарната економија не може добро да функционира. Мислам дека тоа е еден голем проблем со кој се сочува оваа и останатите земји во регионот што во пазарната економија вие имате многу договори кои што треба да се унапредат, има многу недоразбирања околу кои е потребно да имате добри институции а тоа е судскиот систем кој ќе ги решава овие проблеми. Ако немате добри инситуции тогаш се соочувате со многу длабок проблем и тогаш прибегнувате кон алтернативни методи, тогаш ги поттикнувате приватните групи да ги спроведуваат вашите интереси, тогаш влегувате во сива економија којашто има многу лошо кумулативно влијание на економијата и на општествениот живот. Токму затоа од круцијално знечење е секоја антикорупциска реформа да започне од судскиот сектор.

Хереро: Потребно е помалку политизација

Јавниот сектор секако не е поштеден од корупциски случаи. Затоа еден од критериумите на Европската унија се однесува на реформите на овој сектор со цел тој да не биде пречка и за бизнис зделките во Македонија. Амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро вели:

Би сакал да мислам дека е така. Работиме на тоа, не е лесно. Во кој било транзициски режим, како што овде е случај, тоа не е лесно. Има многу елементи кои придонесуваат кон создавање на дисфункционални околности. Овде го имаме интеретничкото прашање. Ова е млада земја, помалку од 20 години стара, во минатото имало еднопартиски систем и има многу инерции кои одат во спротиставени правци. Сметам оти засега е позитивно што има осознавање дека има проблеми поврзани за ефикасноста на јавната администрација. И тука е и потребата за натамошна професионализација на јавната администрација. Има многу случаи во оваа земја кога одлуките не се носат врз основа на проценка, врз основа на професионална компетитивност, кои треба да бидат водечките принципи. Потребно е помалку политизација и повеќе административна рационалност.

Азески: Поповолни резултати подоцна


Во втората половина на 2009 година во светот почнаа да дуваат поповолни економски ветрови, но претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески вели дека се уште нејзините последици ќе бидат видливи во македонското стопанство:

Во моментов тоа не е ниту можно, ниту го очекуваме. Тие веројатно ќе дадат свој резултат за неколку месеци, затоа што излегувањето од рецесија на западните земји е процес кој се случува во последните два месеца, а за да се возобноват нарачките и деловните односи е потребно повеќе време. Затоа ние очекуваме некои поволни резултати од таа работа, но не денес.

Рикер: Да се создаде терен за фер игра


Кога станува збор за потребните реформи во Македонија САД е меѓу најголемите вложувачи со над милијарда долари. Американскиот
амбасадор во Македонија Филип Рикер вели дека на бизнисите им се потребни јасни правила

Сметам дека нашата работа беше круцијална и во финансискиот сектор. И помогнавме на Македонија да се квалификува и да стане полноправна членка на Светската Трговска организација. Важно е да се напомене дека на бизнисите им се потребни јасни правила. Важно е да се создаде терен за фер игра. Без потврда на тоа никој нема да биде мотивиран да инвестира. Областа за владеење на правото е дел од тоа. Со македонските власти кон крај е проектот за инсталација на електронски систем за менаџмент на случаи во сите судници во Македонија. Тоа се области во кои ќе продолжиме со работа, каде што би сакал да видам натамошен напредок во иднина. Една работа за која сме загрижени беше тренингот на Македонците за специјални вештини, за подоцна, кога се вратија во Македонија, да бидат заменети поради смената на политичката клима во земјата. Ова беше залудно трошење на нашите ресурси, трошење на обуката и на парите кои ги одвоивме и искрено тоа е загуба на експертиза која на Македонија и е потребна.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG