Животот во Крива Паланка за Мери Акиевска бил пеколен. Вели дека растела во семејно насилство и во сиромаштија. Денес е трикратна светска шампионка во бодибилдинг и фитнес, а минатото ја научило да биде борбена.
Четирикратниот светски шампион во модерен балет, гостиварчанецот Анди Исмаили, доби директен влез во полуфиналето на хрватското „Суперталент шоу“, кое е по лиценца на британско шоу ,,Got Talent”.
Куманово скелетонс или Куманово костури се првиот и единствен клуб за американски флег фудбал или фудбал со знаменца во земјава. Она што почнало како ентузијастичка идеја меѓу пријатели, денес ги носи на меѓународни натпревари.
Скопјанката Теодора работи во средина каде мажите се убедливо доминанти според бројноста. Но, ниту ова, ниту коментарите на околината дека на градежен објект е небезбедно или дека не е добро да соработува само со мажи не ја одвратиле од идејата да го следи својот сон.
Дваесетитригодишниот Драган Денковски како средношколец почнал да зема улични дроги и тоа го правел пет години. Пред камерата на РСЕ раскажа како наркотиците му го уништувале животот, но и како успеал да излезе од кругот на зависноста.
Скопјанецот Или Морина вели дека многу му е здодевно на часовите по математика. Не затоа што математиката не му оди, туку затоа што му оди толку добро што она што го предава професорот, тој веќе го знае.
Младата тетовчанка Јована Богданоска се запишала на насоката за традиционална музика и игра во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје, бидејќи растејќи со музика сфатила дека токму македонската традиционална музика најмногу ја влече.
Колку беше тешко за време на пандемиските карантини, колку е тешко „Тешкото“ македонско оро, колку е тешко да се учи уметност... Сето ова младиот уметник Озбек Ајваз сакал да го раскаже во делото „Осум“, кое е негов дипломски труд.
Средношколката Леа Манева решила слободно време да го минува правејќи го овој свет подобро место за живеење. Волонтира во „Црвен Крст“ од 14-годишна возраст.
На младата неготинчанка Кристина Тодорова ѝ недостасува уште дипломската работа на факултетот за Земјоделски науки и храна за да дипломира. Но, не и недостасува практично искуство со инсекти и со печурки, бидејќи со нив се „дружи“ од мала
Шеснаесетгодишната Дени живее со церебрална парализа и со многу соништа поврзани со уметноста. Таа не дозволува состојбата да ѝ застане на патот.
Охриѓанката Христијана Парулеска се вљубила во традиционалното таеквондо уште на прва. Пет години подоцна и бројни медали помеѓу, таа стигна и до злато на последното европско натпреварување во Јесоло, Италија. Таму, нашата Парулеска беше прогласена и за најдобра кадетка во Европа.
Вчитај повеќе