„Создавам уметност од отпад за да не заврши во печка и да загадува“
Колку беше тешко за време на пандемиските карантини, колку е тешко „Тешкото“ македонско оро, колку е тешко да се учи уметност... Сето ова младиот уметник Озбек Ајваз сакал да го раскаже во делото „Осум“, кое е негов дипломски труд. Прикажал осум играорци во природна големина кои го играат „Тешкото“, а се направени од запчаници, арматури, капаци од мотори од фрижидери, штрафови. Ја реобјавуваме приказната за македонскиот уметник чиј предизвик е создавање уметност поврзана со социјални теми и кој последниве години изработува дела единствено од рециклирани материјали.