„Новата Васка Илиева“: Не ме влече поп музиката, туку македонската, традиционална песна
Младата тетовчанка Јована Богданоска се запишала на насоката за традиционална музика и игра во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје, бидејќи растејќи со музика сфатила дека токму македонската традиционална музика најмногу ја влече. Таа преработи песна од Васка Илиева, па поради ова, но и поради стилот на пеење ја нарекуваат нејзина наследничка. Ја реобјавуваме приказната за средношколката која сака да ги потсети врсниците дека треба повеќе да ја ценат македонската народна музика.