Партиите не го менуваат Изборниот законик, бидејќи околу 2,7 милиони евра се одлеваат во интернет портали кои се ново формирани и коишто немаат сопственици, ниту уредувачка политика, вели претседателот на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ .
Ризиците по безбедноста на државата немаат никаква врска со „руско влијание“, смета претседателската кандидатка Ванковска. Прашањето за промена на Уставот, пак, според неа, е само уште една лажна теза во духот „само што не сме влегле во ЕУ“.
Нема да може да има Влада без договор за уставни измени, тврди претседателскиот кандидат и министер за надворешни работи Бујар Османи. Тој очекува опозициската ВМРО-ДПМНЕ ако има мнозинство на парламентарните избори да се согласи на уставни измени со цел да формира Влада.
Руската федерација има силно влијание врз дел од политичките партии и претседателските кандидати во земјава тврди кандидатот за претседател на „Европскиот фронт Бујар Османи во интервју за РСЕ. Тој тврди дека политичари преку минирањето на евроинтеграциите работат директно за рускиот интерес.
Прво би побарал од европските политичари гаранции дека нема да има други услови за да го продолжиме европскиот пат. Второ, би побарал динамика за уставните промени. И трето е да се тргнеме од „Отворен Балкан“, вели Арбен Таравари, претседателски кандидат од коалицијата ВРЕДИ, во интервју за РСЕ
Доколку станам претседател, први чекори се - добивање гаранции од Брисел, дека по уставните измени ќе нема други услови за пристапните преговори со ЕУ, динамика за уставните измени од идниот мандатар и укинување на „Отворен Балкан“, вели претседателскиот кандидат Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ
Партиското вработување, голема бирократија и недостиг од политички волја за вистински рефоми се дел од основните проблеми со кои се соочуваат младите лекари при вработувањето во македонскиот здравствен систем.
Без разлика што секојдневно гледаме секакви човечки судбини, и ние сме, условно кажано, навикнати, дека не треба секогаш емотивно да реагираме, сепак овој тип донаторство и ова развивање на филантропијата е нешто што треба да постои во иднина, порачува доктор Трајковски.
Лукас Вебер, ко-основач и уредник на MillitantWire.com, истражувачки центар за следење екстремистички и терористички групи, оцени дека нападот „предизвикува голема непријатност на Москва и е една од најголемите надворешни џихадистички операции во последните години во центарот на моќта на Русија“
Сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку денови пред моето доаѓање на функција и Владата не дозволи да е сменет, тврди министерот Тошковски. Со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак засилено полициско обезбедување ќе има во Тетово и Гостивар.
Манипулација е ако ВМРО ДПМНЕ се поврзува со некакво руско сценарио од страна на ДУИ, одговара техничкиот министер за внатрешни Панче Тошковски. Во интервју за РСЕ зборува и за процесот на издавање лични документи, за набавките во четири очи во министерството, за Сјеф сити камерите.
Директорот на царина, Стефан Богоев смета дека полиграф не е решение за корупцијата кај вработените, би се потпрел на сигурни механизми и практики. Признава дека има корупција меѓу цариниците, па очекува да се проверува и нивната имотна состојба, а самата управа веќе поднела кривични пријави.
Вчитај повеќе