Партиското вработување, голема бирократија и недостиг од политички волја за вистински рефоми се дел од основните проблеми со кои се соочуваат младите лекари при вработувањето во македонскиот здравствен систем.
Без разлика што секојдневно гледаме секакви човечки судбини, и ние сме, условно кажано, навикнати, дека не треба секогаш емотивно да реагираме, сепак овој тип донаторство и ова развивање на филантропијата е нешто што треба да постои во иднина, порачува доктор Трајковски.
Лукас Вебер, ко-основач и уредник на MillitantWire.com, истражувачки центар за следење екстремистички и терористички групи, оцени дека нападот „предизвикува голема непријатност на Москва и е една од најголемите надворешни џихадистички операции во последните години во центарот на моќта на Русија“
Сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку денови пред моето доаѓање на функција и Владата не дозволи да е сменет, тврди министерот Тошковски. Со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак засилено полициско обезбедување ќе има во Тетово и Гостивар.
Манипулација е ако ВМРО ДПМНЕ се поврзува со некакво руско сценарио од страна на ДУИ, одговара техничкиот министер за внатрешни Панче Тошковски. Во интервју за РСЕ зборува и за процесот на издавање лични документи, за набавките во четири очи во министерството, за Сјеф сити камерите.
Директорот на царина, Стефан Богоев смета дека полиграф не е решение за корупцијата кај вработените, би се потпрел на сигурни механизми и практики. Признава дека има корупција меѓу цариниците, па очекува да се проверува и нивната имотна состојба, а самата управа веќе поднела кривични пријави.
Гужвите на граничните премини директорот на Царинската управа Стефан Богоев очекува да се намалат со воведувањето на заеднички полициски систем со соседните земји. Во интервју за Слободна Европа говори и за нов систем на камери кој треба да се спречи шверц и корупција, но и за идејата за полиграф.
Додека Северна Македонија добие влада со полн политички мандат која ќе може да носи какви било одлуки, може да поминат и две третини од годината, што на некој начин може да се каже дека е изгубена, вели во интервју за РСЕ претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски.
Северна Македонија нема добри економски резултати и сметам дека ќе има дополнително одлевање на работници во соседните земји, вели во интервју за РСЕ претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски, откако на 5 март почна слободниот пристап до пазарот на труд во „Отворен Балкан“.
Предложениот Закон за рестриктивни мерки има недостатоци, како на пример, двојни постапки, во Северна Македонија и во странство и затоа треба да биде доработен, вели Благоја Пандовски - претседател на Транспаренси Интернешнал Македонија во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Новиот министер за здравство, Илир Демири посочува дека до изборот на нова влада ќе работи исклучиво за непречено функционирање на здравствениот систем. Ако постизборно ја добие довербата да продолжи да раководи со министерството, вели дека ќе понуди јасна програма и визија за здравството и Клиничкиот центар.
Новиот министер за здравство во техничката влада, Илир Демири дојде на функцијата без примопредавање и честитка од неговиот претходник и сопартиец од АА, Фатмир Меџити. Во интервју за РСЕ, Демири одговара и на прашањата за внатрепартиската поделба, но и за неговите политички амбиции.
Вчитај повеќе