Иако субвенциите од 11 милиони евра за плати во ЈСП треба да бидат до крајот на годината, сигурен сум дека наесен повторно ќе се побараат пари, вели во интервју за РСЕ претседателот на Советот на град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески. Според него, факт е дека нема позначителен напредок во услугата што ја добиваат граѓаните во јавниот превоз.