Илјада жители на Крим загинале борејќи се за Русија
Најмалку 1000 жители на Крим загинале борејќи се за Русија откако Москва ја започна својата целосна инвазија на Украина, покажа истражувањето на Радио Слободна Европа. Кримскиот Полуостров беше анектиран од Русија во 2014 година, медиумите таму се забранети, а информациите за воените жртви се прикриваат. Но РСЕ успеа да состави база на податоци за починатите на Крим како последица на војната, преку пребарување на изјавите од локалните власти и објавите на социјалните мрежи на роднините на загинатите.