Алсу Курмашева, новинарка на РСЕ и мајка на две деца, е повторно со своето семејство, откако беше ослободена во историска размена на затвореници по девет месеци минати во руски притвор. Таа беше неосновано осудена на 6 и пол години затвор под обвинение за ширење невистини за руската војска.
Многу од децата во „патриотско-националистичкиот“ летен камп во централна Украина имаат роднини кои се борат против руската инвазија. Момчињата и девојчињата, на возраст од 10-13 години, собираат пушки, учат прва помош и поминуваат низ симболични ритуали.
Додека семејствата и поддржувачите на ослободените од Русија се радуваа по големата размена на американско-руски затвореници оваа недела, поддржувачите на американските граѓани и политичките затвореници сè уште заробени во руските и белоруските затвори ги повикаа западните влади да не заборават на нивната мака.
Аналитичарите предупредуваат дека шансите за поширока регионална војна на Блискиот исток се зголемуваат по убиството на Исмаил Ханије, шефот на палестинската екстремистичка група Хамас, која е означена како терористичка организација од САД и Европската унија.
YouTube е многу популарен во Русија, се користи од големи медиуми, влијателни лица и културни личности, а го гледаат милиони луѓе. Регулаторите сега тестираат дали можат да го „пригушат“ и да ги туркаат Русите на други поконтролирани платформи.
Жешкото време, човечкото невнимание, а можеби и намерни потпалувања предизвикаа големи пожари во речиси сите балкански држави.
Вчитај повеќе