Белата куќа разгледува дали и натаму на Украина да и дава воена помош во вредност од 250 милиони долари годишно.
Пуч, длабока политичка криза, економска рецесија. Ова се главните оценки во Британија откако кралицата Елизабета Втора го одобри барањето на премиерот Борис Џонсон за прекинување на работата на парламентот.
Навивачите на фудбалскиот тим Црвена звезда од Белград го бранеа поставувањето на стар борбен тенк пред нивниот стадион пред синоќешниот натпревар во рамките на квалификациите во Лигата на шампионите против швајцарскиот шампион Јанг Бојс.
Бразил ја отфрли помошта од Групата седум индустриски најразвиени земји во светот за борба против шумските пожари во Амазон, порачувајќи му на францускиот претседател Емануел Макрон „да си се грижи за неговиот дом и неговите колонии“.
Според нив, токму регионалната соработка е најважна за економски просперитет на двете држави.
Илјадници верници се собраа деновиве на бугарската планина Рила за да ја пречекаат нивната „духовна“ нова година со космички танц во концентрични кругови, создавајќи впечатлива слика на росната планинска рамнина.
Русија и Соединетите држави во Обединетите нации меѓусебно се обвинија за напуштање на договорот за контрола на ракетите со среден дострел.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, без да наведе докази, ги обвини невладините организации за наглото зголемување на пожарите во Амазон годинава. Според него, тие сакале да му наштетат на Бразил. Експертите пак. велат дека пожарите ќе имаат штетни последици врз глабалната животна средина.
Таа е изведена на распит пред судија на претходна постапка, откако обвинителството побара притвор.
Италијанскиот претседател Серџио Матарела денеска ги започнува разговорите со клучните играчи во обид да и стави крај на италијанската политичка неизвесност, ден откако премиерот Џузепе Конте поднесе оставка.
Јанева рече дека била повикана како сведок и не сакаше да потврди дали нејзиниот глас се слуша на објавените аудио снимки, бидејќи во тек била истрагата. Таа изјави и дека не знае каде е бизнисменот Орце Камчев и дали политичари се вмешани во случајот.
Ова се демонстрантите во Хонг Конг: млади, храбри и се борат против, како што велат, ерозијата на аранжманот „една земја, два система“ што предвидува одредена автономија за Хонг Конг кога Кина ја врати оваа територија од Британија во 1997 година.
Вчитај повеќе