Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на денешната пресконференција изјави дека се гледал со осомничениот во „Рекет“, како и со многу други граѓани. Тој го обвини премиерот Зоран Заев дека го штити криминалот во случајот и побара притвор за шефицата на СЈО, Катица Јанева.
Дваесет години по катастрофалниот земјотрес што го опустоши северозападниот дел на Турција, жителите на Истанбул страхуваат дека нивниот град од 16 милиони луѓе воопшто не е подготвен за уште еден голем и, како што велат, неизбежен потрес.
Дали некогаш сте се запрашале како било на одмор во поранешна Југославија? Во познат хотел во словенечкиот регион Постојна е откриена и отворена за јавност шпионска просторија, скриена од падот на комунизмот.
Во Грција се мобилизирани над илјада пожарникари, бидејќи од понеделникот шумски пожари избувнаа на над 50 места, а најголемиот е на островот Евија каде што ги загрозува селата и затоа е прогласена вонредна состојба. Пожарот во Евија со густ чад покри дел од средна Грција, вклучувајќи ја и Атина.
Во Романија во раните 90-ти години, односно по распадот на комунизмот, почнаа да никнат палати кои изгледаат неверојатно, па дури и чудно. Тие се своевиден симбол на потрагата по статус на едно маргинализирано и претежно сиромашно малцинство, ромското.
Шефот на државата Стево Пендаровски упати четири барања до надлежните поврзано со аферата Рекет. Меѓу нив, тој побара ефективна и брза истрага и ако има докази да се поднесат обвиненија за сите, без разлика дали се на власт или не. Претседателот покрај кривично правна бара и политичка одговорност.
Откако бил тепан 28 пати за време на неговата кариера, турскиот новинар Хакан Денизли мислел дека видел се. Но, на 29-тиот пат, тие дошле со пиштол, додека го земал неговиот четиригодишен внук од градинка. „Дојдоа ме застрелаа во ногата и избегаа“, вели тој.
Претседателот на Русија Владимир Путин беше назначен за премиер на 9 август 1999 година и оттогаш е на власт, или како претседател или како премиер.
Во Грција, според законот од 1982 година, кој во изминатите години веќе беше укинуван и враќан од различни влади, универзитетите во голема мерка беа надвор од дофатот на полицијата. Сега, новата влада на Мицотакис сака тоа да го смени.
Можеби сме на само нешто повеќе од половината на 2019 но, според температурата, таа уште сега е рекордна.
Индексите на Вол стрит и на другите светски берзи забележаа пад откако инвеститорите покажаа загриженост дека трговската војна меѓу САД и Кина би можело да и нанесе трајна штета на светската економија.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди двете масовни убиства во САД во текот на викендот, наведувајќи дека „омрзата нема место во земјата“. Тој истоа така рече дека Вашингтон ќе преземе акции за решавање на проблемот.
Вчитај повеќе