2019, уште сега најжешка година во историјата
Можеби сме на само нешто повеќе од половината на 2019 но, според температурата, таа уште сега е рекордна. Бројни студии покажаа дека топлотните бранови како оној што ја пече северна Европа неделава се најверојатно од климатските промени, а бидејќи ефектите од таканаречената стаклена градина продолжуваат да растат, годинава ќе биде само една од многуте што следат.