Кој е виновен за новата трка во вооружување, САД или Русија?
Русија и Соединетите држави во Обединетите нации меѓусебно се обвинија за напуштање на договорот за контрола на ракетите со среден дострел. Притоа Москва предупреди на нова трка во вооружување, а Вашингтон побара детали за неодамнешната мистериозна експлозија во која загинаа петмина руски нуклеарни инженери.