Јанева: Не знам дали ќе бидам предмет на истрага
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по сведочењето за „Рекет“ денеска изјави дека не знае дали ќе биде осомничена во случајот и за тоа треба да се праша обвинителката Вилма Русковска. Јанева рече дека била повикана како сведок и не сакаше да потврди дали нејзиниот глас се слуша на објавените аудио снимки, бидејќи во тек била истрагата. Таа изјави и дека не знае каде е бизнисменот Орце Камчев и дали политичари се вмешани во случајот.