Елвис Шаќири, директор на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, е еден од шестмината добитници на наградите за глобални двигатели против расизмот. Наградата му ја врачи државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во американскиот Стејт депармент, на 21 октомври.
Зошто е намален бројот на студенти по новинарство, каде сме со бројките во споредба со регионот и како може студиите да станат попривлечни за младите? На овие теми разговаравме со професорката Јасна Бачовска-Недиќ, која предава на катедрата по новинарство, на Правниот факултет во Скопје.
Јапонскиот оперски пејач, Казухиро Котецу, пред 11 години за првпат пред македонска публика ја испеал „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“. За време на пандемијата се присетил на емотивната реакција на публиката за време на првиот настап и почнал да истражува повеќе.
Откако се родени македонските средношколци кои ќе матурираат оваа учебна година, државата „чека“ пред вратите на Европската Унија (ЕУ). Колку е далечен евентуалниот влез и како тоа би влијаело на перспективите на младите?
Некогаш студенти колку за да се наполни цела Универзална и тоа само од еден факултет. Денес, намален брoj речиси на сите. Анализата на Центарот за граѓански комуникации, покажува дека на УКИМ, повеќе запишани студенти од пред десет години, има само на Медицински и на ФИНКИ.
Лица со попречености дефилираа беа модели на писта во Музејот на современа уметност во Скопје, на 25 септември, како дел првата модна ревија на адаптирана облека направена за, а презентирана од лицата со попреченост
Министерството за образование во последните 3 месеци одвојува пари за покривање на дел од трошоците на студентските домови за да не се доведе во прашање нивната функционалност. А тие со своите буџети не можат да ги покријат сметките за потрошената струја и вода. Академската година за студентите започна со нови ветувања тешки 18 милиони евра за реконструкција на државните домови.
Постојано гледаме нови поскапувања на цените на основните производи, велат граѓаните кои Радио Слободна Европа ги анкетираше во центарот на Скопје. Владата најави ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто наесен и околу празници, но што мислат граѓаните за ваквите мерки?
Ако има иницијатива за ограничување на пристапот до мобилни телефони во училиштата Министерството за образование за РСЕ одговори дека е подготвено да ја спроведе. Аргументи „за“ и „против“ на учениците и педагозите. Ова правило веќе се спроведува во основно училиште во Пехчево, додека е новитет во некои европски земји
Над триесетина скопјани добија нов изглед на нивните велосипеди, откако се пријавиле на бесплатната работилница за „Козметички третман на велосипед“ што се одржа денеска (14 септември) во Скопје.
Седмоодделенецот Леонардо Ајваз има потешкотии во слухот и говорот. Годинава со задоцнување почна да ја добива помошта од неговиот образовен асистент, психологот Никола Дукоски.
На дел од факултетите на најголемиот универзитет „Св.Кирил и Методиј“, како ФИНКИ, се бара место повеќе, на други, едвај се запишува по некој студент. Зошто во првиот уписен рок за академската 2024/2025 младите се фокусирааат на информатичките технологии и што со студиите каде интересот замира?
Вчитај повеќе