Прегледите на нивните видеа се бројат во милиони, а настапуваат и преку граница. Сепак, траперите од 2 Бона велат дека иако ја чувствуваат поддршката од фановите, домашната медиумска поддршка ја нема.
Спортската сала наменета за студентите на УКИМ, чија изградба ја чинеше државата 2,5 милиони евра е претворена во руина и целосно демолирана. Од Агенцијата за млади и спорт велат се прават проценки на штетите и следната година очекуваат да биде пуштена во употреба.
Дел од читателите на првата книга на средношколецот Леонардо Змајшек, „Зошто ме тргаш од ѕвездите?“, признале дека пролеале солзи читајќи ја. Младиот автор вели дека чувствува голема поддршката од читателите, но до книжарниците се стигнува потешко, ако си ново име.
Родители ширум светот обвинуваат дека нивните деца го загубиле животот поради следење на предизвик на Тик-Ток. Во Македонија не е пријавен таков случај. Но има примери во кои младите влегуваат во ризични ситуации за да направат уникатно видео или фотографија за социјалните мрежи.
Студенти од студентскиот дом „Гоце Делчев“ анонимно ни пратија фотографии за да видиме што јаделе во текот на изминатата седмица. Она што е заедничко за секој ручек е салатата од зелка, која некогаш доаѓа со влакно или комарец како „прилог“, а и муви се дел од менито, велат тие.
На 21 година, Миа Николоска е најмладата драмска авторка која поставила свој текст на сцената на Драмскиот театар во Скопје и тоа уште недипломирана. Со дебито со „Така зборуваше Гетруда“ по осми пат собра публика во гледалиштето.
Студентите на УКИМ можат да ѝ се обратат на правобранителката Викторија Постоловска, доколку сметааат дека е прекршено некое нивно студентско право. Иако е тазе на функција, таа веќе разгледува докази по пријавен случај за мобинг од професори врз студент
Пејачката Викторија Лоба вели дека понекогаш и таа знае да направи фотка или видео со филтер, но само заради забава. Кога нема професионални обврски нема проблем да излезе од дома без шминка или да објави фотка во природно издание.
Официјалните претставници на студентите кои вчера се сретнаа во политичарите во Собранието, изјавија дека се задоволни од договореното, но и дека борбата за подобро не е завршена. Од движењето „Студентски отпор“, пак, не се задоволни од исходот, па повикуваат на студентски марш овој четврток
Под мотот „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска ќе се одржи протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценетѕи како скандалозни.
Трендот на купување облека од втора рака најмногу го следат новите генерации кои бараат добри парчиња по добри цени, но за дел од младите, половна облека сепак не е опција, велат соговорниците со кои РСЕ разговараше за навиките на Македонците за купување на облека од втора рака
Првиот „Маалски фестивал“ во Скопје на градот му донесе улични танцови перформанси, поетски читања, работилници, прошетки низ маало, концерти, промоции, а на граѓаните - повеќе маалска дружба.
Вчитај повеќе