Три примероци јаболка- од пазар, продавница и од детската ужинка, ги однесовме во лабораторија за да видиме колку пестициди има во нив. Има една добра и една лоша вест.
Шеснаесет млади актери добија задача и шанса да раскажат приказна за урбаниот скопски живот од деведесеттите до денес, во мјузиклот „Архангелот над Скопје“, режиран од Наташа Поплавска, а направен на музиката на бендот „Архангел“, создадена од музичарот Ристо Вртев.
Младата пејачка Тамара Волческа која медиумите ја нарекоа македонската Били Ајлиш поради сличностите со светски славната пејачка, неодамна ја напушти македонската армија за, како што вели, целосно да ѝ се посвети на музичката кариера.
Младите во Македонија зборуваат за проблемите во нивното маало, но не и за тоа како може тие да се решат. За ова сведочат средношколците, а и истражувањата потврдуваат дека ретко кој верува дека може да направи нешто. Здружението „Младите можат“ се обидува да направи промена во оваа слика.
Прегледите на нивните видеа се бројат во милиони, а настапуваат и преку граница. Сепак, траперите од 2 Бона велат дека иако ја чувствуваат поддршката од фановите, домашната медиумска поддршка ја нема.
Спортската сала наменета за студентите на УКИМ, чија изградба ја чинеше државата 2,5 милиони евра е претворена во руина и целосно демолирана. Од Агенцијата за млади и спорт велат се прават проценки на штетите и следната година очекуваат да биде пуштена во употреба.
Дел од читателите на првата книга на средношколецот Леонардо Змајшек, „Зошто ме тргаш од ѕвездите?“, признале дека пролеале солзи читајќи ја. Младиот автор вели дека чувствува голема поддршката од читателите, но до книжарниците се стигнува потешко, ако си ново име.
Родители ширум светот обвинуваат дека нивните деца го загубиле животот поради следење на предизвик на Тик-Ток. Во Македонија не е пријавен таков случај. Но има примери во кои младите влегуваат во ризични ситуации за да направат уникатно видео или фотографија за социјалните мрежи.
Студенти од студентскиот дом „Гоце Делчев“ анонимно ни пратија фотографии за да видиме што јаделе во текот на изминатата седмица. Она што е заедничко за секој ручек е салатата од зелка, која некогаш доаѓа со влакно или комарец како „прилог“, а и муви се дел од менито, велат тие.
На 21 година, Миа Николоска е најмладата драмска авторка која поставила свој текст на сцената на Драмскиот театар во Скопје и тоа уште недипломирана. Со дебито со „Така зборуваше Гетруда“ по осми пат собра публика во гледалиштето.
Студентите на УКИМ можат да ѝ се обратат на правобранителката Викторија Постоловска, доколку сметааат дека е прекршено некое нивно студентско право. Иако е тазе на функција, таа веќе разгледува докази по пријавен случај за мобинг од професори врз студент
Пејачката Викторија Лоба вели дека понекогаш и таа знае да направи фотка или видео со филтер, но само заради забава. Кога нема професионални обврски нема проблем да излезе од дома без шминка или да објави фотка во природно издание.
Вчитај повеќе