Ако младите се подготвени да ги истражуваат своите ставови и може да ѕирнат и во сопствените стравови, таму ги чека широко поле за дискусија на важни теми. Дел од нивните ставови на виделина ги извади проектот „Поезија во движење низ Битола“.
Со овие стипендии, вели министерката Царовска, ќе се влијае на намалување на одливот на мозоци. Студентите и средношколците се задоволни, но нагласуваат дека будно ќе ја следат исплатата на стипендиите
Популарната апликација Тик-Ток, која го смени секојдневието на многу млади ширум светот, внесе нов начин на комуникација и анимација и меѓу младите кај нас. Но, некаде меѓу разонодата и опуштеноста, се крие и сериозна опасност.
Вселената е бескрајна инспирација и никогаш докрај истражен терен за многумина, а една од нив е и младата Марија Милошевска. Пасијата и знаењето на оваа тема таа го потврди со признание и награда.
Студентите се поделени со мислењата околу тоа дали сумата од 2400 денари е доволна за да се задоволат основните студентски потреби. Едни велат дека е доволна, а други дека може да се размисли за зголемување.
Според официјалните податоци, до 6.7.2021, во Македонија една доза на вакцина примиле 11187 лица на возраст од 18 до 27 години, а 5967 во истата старосна граница се целосно вакцинирани.
Во силна конкуренција на виолинисти од целиот свет, наша виолинистка се издвои како единствена која заслужува да учи магистратура за виолина под менторство на светски славниот професор Сергеј Островски.
Со компас во рака и желба за добри резултати, двајца членови на ориентациониот клуб „Златоврв“ од Прилеп, ќе имаат репрезентативен настап на Светското првенство во ориентација, во Чешка, за да ги измерат способностите со вкупно 400 натпреварувачи од 76 земји.
Мобилна библиотека со повеќе од 2500 наслови на домашни автори и нивните колеги од регионот, ќе ја промовира и поттикнува културата на читање меѓу младите. Во фокусот се руралните средини.
На македонската манекенка со светска слава, Елена Трајановска ака Елена Реи, интернационалните модни писти ѝ се добро познат терен. Па така и суетата која владее меѓу модните големци.
Натпреварот за најдобар средношколски бизнис план во организација на Младински Образовен Форум покажа дека младите имаат идеи кои не заслужуваат да останат затворени „во фиока“ и ги мотивираше да ја претстават својата визија.
Фестивалот за феминистичка култура ПРВО ПА ЖЕНСКО во организација на Тииит!, по деветти пат го стави феминизмот како тема во фокусот. Ова издание отвори дискусија и го преиспита концептот на „јавно“, во контекст на светска пандемија, но и локално.
Вчитај повеќе