Средношколка прави истражување на тема сексуално вознемирување во средните училишта Македонија, за да собере искуства и да потенцира проблем. Психолог во средно училиште вели дека младите некогаш не се ни свесни дека се жртвата во проблемот.
Учесниците на дводневниот младински хакатон „Techathon 2021“, имаа задача да покажат како може да младите да помогнат во справување со секојдневните локални и глобални предизвици.
Со вклучување на Амбасадата на Шведска во Скопје во глобалната иницијатива #GirlsTakeOver, студентката Ана Марија Наумовска, виде како е да се биде „во чевлите“ на шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, на еден ден.
Со менување на црвеното светло во зелено или со сфаќање на пречката како предизвик, дел од македонските граѓани кои живеат со попреченост, се трудат да го сменат светот и перцепцијата на општеството во кое живеат. Како го прават тоа, споделија пред камерата на РСЕ.
Младите да зборуваат едни со други, а не едни против други, беше една од потенцираните идеи на Форумот за младинско вмрежување меѓу Македонија и Грција, на кој учесниците ги претставија младинските врски како важен клуч за целосно помирување на двете држави
Организациите и центрите кои се тука за жртвите на родово базирано и семејно насилство кај нас, велат дека има охрабрување и промена во некои сфаќања, но уште не сме стигнале до едно генерално „немам проблем да зборувам за проблемот“. А некогаш, не се ни препознава дека проблемот е тука.
Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ со песната „Green Forces“ на јуниорската евровизиска сцена во Париз ќе пратат музичко предупредување за опасноста од глобалните еко-проблеми.
Првото соларно кино во Скопје им даде шанса на младите да погледнат проекција за 0 денари, односно да „платат“ со по некое парче отпад кое може да се селектира и рециклира, а паралелно да научат нешто повеќе за тоа како да станат дел од решението на глобалните еко-проблеми.
Од враќање на правото на бесплатен превоз со воз до целосно враќање во амфитеатрите, Студентско собрание на УКИМ јавно ги адресира проблемите и потребите на македонските студенти до надлежните инстуции.
Од официјалниот влез на бадминтонот како спорт во Македонија, во 2003 година до денес, според пионерот Горан Тасевски, и деца и возрасни покажале интерес за рекреативен или професионален тренинг.
Ако во нечија глава стои гласината дека младите битолчани генерално се мрзеливи и ретко можеш да ги најдеш во акција, а секогаш - на Широк Сокак како денгубат, во агендата на здружението Форум 16 стои намера оваа перцепција да се смени.
Помеѓу „баш ми е гајле“ и решението на глобалната еко криза постојат бројни групи на еко активисти кои се борат да стигнат од проблемот до решението. Дел од нив тоа го прават од македонска адреса, а некои наши дечки и од странска, со надеж дека утре ќе можат да помогнат дома.
Вчитај повеќе