На Интернационалниот ден на лицата со попреченост, 3. декември, се потсетуваме на дел од ретките приказни кои преку нашиот медиум допреа до илјадници луѓе, потсетувајќи ги дека пречката може да значи предизвик, а не црвено светло. Тие се борци, но потребно им е поголемо прифаќање од општеството и конкретна подршка од институциите на државата.
Раскажувајќи ги нивните животни приказни и ситуации пред камера, „шепнаа“ дека и тие се тука!
Таков пример е првиот инклузивен хор во Скопје, составен од лица со Даунов синдром, кои пеејќи ја „Неправда“ на „Лева патика“, пуштија глас за правда:
Истава екипа беше дел и од изложбата на уметникот Тома Димовски, кој живее со церебрална парализа и со уметноста како движечка сила:
Еден од членовите на инклузивниот хор, Марио Мицковски, ни го доближи неговиот пат до блескавите медали во пливање и танц:
Се дружевме и со глувонемиот пливач Андреј Стојаноски, кој собира куп медали од домашни и интернационални натпревари:
Студентите и средношколците од тимот наречен„From Zero to Hero“, кои создадоа прототип на паметна инвалидска количка, воден од идејата за емпатична заедница, споделија како нивниот изум може да им помогне на луѓето во колички.
Низ приказните за Александар Велески кој е лице со церебрална парализа и Суарет Алишан кој има оштетен вид, видовме колку често македонскиот систем и општеството во целина знае да ги затвори вратите за лицата со попреченост.
Во следното видео кое ќе биде објавено во рубриката „Моја порака“, на 8. декември, ви ја носиме приказната за македонската Пепелашка во количка, Марија Савеска, која се бори со церебрална парализа и со архитектонските бариери низ Скопје, но секојдневно докажува дека може многу повеќе отколку што можеби некој очекува од неа.