Студентка со попреченост го освои Олимп
Грчката 22 годишна студентка по биологија, Ефтериа Тосиу, која е цел живот во инвалидска количка се искачи на врвот на планината Олимп. Овој подвиг го постигна со помош на 28 годишниот маратонец Мариос Гианаку, кој ја носеше на грб. Врвот, кој е на 2.917 метри висина, го искачиле за три часа. Искачувањето го правеле заедно со тим психотерапевти и планинари.