Молдавците во ист ден гласаат за реизбор или отфрлање на проевропската претседателка на државата и на референдум за евентуална измена на Уставот за пристапување на Молдавија кон ЕУ. Има обвинувања за поткуп на гласачите против ЕУ, а од друга страна, и видлива дипломатска поддршка за проевропската кауза.
Австриските гласачи овој викенд би можеле да ја направат антимигрантската Партија на слободата на Херберт Кикл првата екстремно десничарска групација што победила на избори таму, по Втората светска војна. Имигрантите во главниот град Виена за РСЕ изјавија дека се „многу исплашени“.
Се очекува и по овие избори да доминира коалицијата на Алиев. Кандидирањето на наследници на пратениците од власта, кои се борат да ги заменат нивните татковци на парламентарните избори, би можело да претставува доаѓање на сосема нова генерација во азербејџанската елита, која му е должник на актуелниот шеф на државата.
Стравувањата од етнички тензии неделава се разгореа на Балканот откако Косово драматично го засили притисокот врз десетици илјади локални Срби, затворајќи ги поштите што ги користат Србите и со обидот за контроверзно повторно отворање на мостот што ги дели етничките српски и албанските заедници.
Повторно избраната претседателка на Европската комисија, родена во Белгија, имаше динамичен старт на европскиот пат. Но Урсула Фон дер Лајен докажа колку вреди пробивајќи пат за жените како прва жена на чело на Комисијата и со постигнување консензус и на германската и на политичката сцена на ЕУ.
Претседателката на Бугарскиот совет за медиуми, назначена од прорускиот претседател на државата, ги нарече злосторствата на руските сили во Украина антируска пропаганда, предизвикувајќи жестоки реакции во бугарската и меѓународната јавност.
Унгарскиот премиер се опорави од првичниот шок од војната во Украина за да ја зацврсти својата контрола на власт и да создаде дополнителен „клин“ меѓу Унгарците и нејзините европски соседи. Се со помош на провладината медиумска империја. Подготвил: Емил Златков