Давид Омаров, роден во Туркменистан, вели дека бил уапсен и мачен таму затоа што бил геј, што е криминал во репресивниот режим во земјата. Тој беше обвинет и за „ширење сида“ додека беше во затвор во 2019 година и беше принуден да потпише признание пред конечно да може да побегне во Полска.