Рано наутро во саботата, на 26 октомври, израелската армија изврши три серии „прецизни напади врз воени цели во Иран“, додека серија експлозии се слушнаа над Техеран.
„Нападите се одговор на континуираните напади на режимот во Иран врз државата Израел“, соопшти израелската армија.
„Режимот во Иран и неговите приврзаници во регионот безмилосно го напаѓаат Израел од 7 октомври на седум фронта вклучително и директни напади од иранската почва. Како и секоја друга суверена држава во светот, државата Израел има право и должност да одговори. Нашите одбранбени и офанзивни способности се целосно мобилизирани. Ќе направиме се што е потребно за да ја одбраниме државата Израел и израелскиот народ“, се додава во соопштението.
Американските и израелските власти соопштија дека првиот бран ги таргетирал иранските системи за противвоздушна одбрана, додека вториот и третиот цел биле базите за ракетни и беспилотни летала, како и фабриките за оружје.
Иран вели дека израелската „агресија“ e „флагрантно кршење“ на меѓународното право
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека израелските напади врз „неколку воени центри“ во земјата се „флагрантно кршење“ на меѓународното право и рече дека Иран има право да се брани „од агресија“.
Израелската војска изведе три бранови „прецизни напади врз воени цели во Иран“ рано наутро во саботата, на 26 октомври, додека иранските власти соопштија дека двајца ирански војници загинале во нападите.
„Нападите се одговор на континуираните напади на режимот во Иран врз државата Израел“, соопшти израелската армија.
Министерството за надворешни работи на Иран во соопштение од 26 октомври изјави дека Техеран „се смета себеси за право и обврска да се брани од странски акти на агресија“.
„Исламската Република Иран ја нагласува употребата на сите материјални и духовни способности на иранската нација за одбрана на својата безбедност и виталните интереси, како и придржувањето кон своите должности кон регионалниот мир и безбедност, индивидуалната и колективната одговорност на сите земји во регионот да го заштити мирот“, се вели во соопштението.
Министерството за надворешни работи во претходното соопштение наведе дека операциите на Израел во Газа и Либан се „главна причина за тензии и несигурност“ на Блискиот Исток.
Се наведува дека Иран ги повикува членките на ОН да преземат „итни и колективни мерки“ против, како што рече, „сериозното кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН“.
САД: Израел има право на самоодбрана
Белата куќа соопшти дека Израел има право на самоодбрана. Вашингтон го повика Иран да не возвраќа на последните израелски напади врз него.
„Ако Иран одлучи повторно да одговори, ние ќе бидеме подготвени и повторно ќе има последици за Иран“, се наведува во изјавата на високи претставници на администрацијата.
Се додава дека САД не сакаат тоа да се случи.
„Ова треба да биде крај на оваа директна размена на оган меѓу Израел и Иран“, се вели во соопштението.
Вашингтон, како што е наведено, е подготвен да ги „води напорите да обезбеди крај на војната во Либан“ и да се обиде да постигне прекин на огнот во Газа, заедно со враќањето на заложниците киднапирани од Израел.
Остин: Поддршка за самоодбраната на Израел
Aмериканскиот министер за одбрана Лојд Остин во телефонски разговор со израелскиот министер за одбрана потврди дека САД го поддржуваат правото на Израел на самоодбрана.
„Секретарот Остин ја потврди цврстата посветеност на Соединетите Држави за безбедноста на Израел и правото на самоодбрана“, се вели во соопштението на Пентагон.
Остин разговараше со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за да добие ажурирање за нападите на Израел врз Иран.
Остин рече дека САД се посветени на одбраната на американскиот персонал, Израел и партнерите од целиот регион против Иран и терористичките групи поддржани од Иран.
Загриженост дека Иран и Соединетите Држави би можеле да бидат вовлечени во регионална војна
Блискиот исток очекуваше израелски одговор на иранскиот напад, во кој на 1 октомври беа истрелани околу 200 балистички ракети кон Израел, што претставуваше втор директен ирански напад врз Израел во последните шест месеци.
Сириската државна новинска агенција САНА објави дека Израел нападнал и неколку воени локации во јужна и централна Сирија.
Нападите се случија во исто време со првиот бран напади врз Иран, кој го затвори воздушниот простор неколку часа, но нешто пред 8:00 часот по средноевропско време објави дека летовите продолжуваат нормално.
Летовите продолжија околу два и пол часа откако израелските одбранбени сили објавија дека нападот е „целосен и дека мисијата е завршена“.
Порасна загриженоста дека Иран и Соединетите Држави би можеле да бидат вовлечени во регионална војна додека Израел ги засилува нападите во Либан против Хезболах, милитантната група и политичката партија која контролира голем дел од јужен Либан.
Воздушните напади што ги погодија Бејрут и јужен Либан беа проследени и со копнена операција.
Хезболах- прогласен за терористичка организација од САД е поддржан од Хамас, кој беше цел на Израел во текот на изминатата година.
Ова се случува, откако Хамас кој се смета за терористичка група од САД и Европската Унија го нападна Израел на 7 октомври минатата година, убивајќи околу 1200 луѓе и зеде стотици други како заложници.
Нападот ја поттикна израелската воена акција во Газа, која сè уште трае и во која беа убиени и ранети десетици илјади цивили, жени и деца, како и убиства на водечките луѓе на Хамас.