Достапни линкови

Ангеловска: Задолжувања и кратења за да се преживее


Ангеловска: да се зачуваат работните места за побрз рестарт на економијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:41 0:00

Ангеловска: да се зачуваат работните места за побрз рестарт на економијата

Сега треба да се преживее, никој нема да остане неоштетен од кризата, вели министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа најавува задолжување, кратење на сите непотребни буџетски трошоци и кратење на плати во администрацијата, за да може да им се помогне и на оние кои останале без никакви приходи.

Министерке колку оваа криза ќе ја чини македонската економија? Кои се оптимистичките сценарија и кој се песимистичките?

Многу е тешко во една ваква ситуација, во едни вакви околности, исклучително тешко е да се прават предвидувања во однос на тоа колку ќе ја чини економијата. Ние разговаравме и со сите меѓународни финансиски институции, во моментов побаравме и ќе се изработува анализа од страна на Светската банка и Меѓународниот монетарен фондтокму за влијанието врз економијата од оваа криза, односно да видиме на кој сектор, на која индустрија колку се очекува да биде влијанието или во овој случај сега би рекла дека е исклучително тешко, второ несериозно да карикираме, да фрламе со бројки 500 милиони, една милијарда, колку ќе ја чини економијата. Она што е евидентно е дека ние прво го избравме здравството, односно да преземаме мерки, за да го превенираме ширењето на вирусот, меѓутоа тоа буквално значи како сопирање на чешмата на економијата. Во овие сценарија кои ги имаме ние во Министерството за финансии и повторно ќе кажам и за нив е тешко и постојано и тука се менува состојбата. Имаме едно, да речеме, пооптимистично сценарио во кое што велиме ударот најголем на приходната страна ќе биде на вториот квартал. И во ова сценарио велиме дека во третиот квартал ќе почне одредена стабилизација, меѓутоа точно и да заврши ова во вториот квартал, не може ние да очекуваме дека веднаш економијата ќе функционира како што претходно функционирала, ќе треба извесен период. И во четвртиот квартал во тоа сценарио велиме дека ќе имаме веќе стабилизација. Во второто сценарио велиме дека ударот го очекуваме да биде најсилен во вториот квартал и да имаме удар, можеме малку поблаг, и во третиот квартал во четвриот да започне оваа состојба на стабилизација или опоравување. И најпесимистичното сценарио, и тоа не е веќе далеку од реалноста, ако ги погледнете глобалните и светските предвидувања, е дека оваа криза ќе трае до крајот на годината, а опоравувањето ќе почне веќе следната година. Не зборуваме кој ќе победи и кој ќе добие, зборуваме како да ги санираме, да бидат штетите што помали и како сите што помалку да изгубиме, бидејќи нема некој што од оваа криза ќе излезе победник.

Што прво ќе кратите од буџетот и што не смее да се крати?

Се што е во функција на справување со кризата, не може да биде предмет на кратење, како здравството и безбедноста и треба да обезбедиме секој граѓанин да има минимум средства, да тече социјалната заштита за да го заштитиме секој еден граѓанин за да преживее буквално, затоа што се наоѓаме во една ситуација, сите да го сносиме товарот еднакво, сите мораме да бидеме во оваа ситуација солидарни, реални и самосвесни. Ако зборуваме за кратење на расходната страна, сега јас не би карикирала со конкретни ставки и бројки меѓутоа ќе има кратења буквално секаде каде што може да има кратења, не зборуваме за оние кратења на патни трошоци, тие нормално дека се очекува дека се прават, ќе има кратења на одредени стоки и услуги, одредени капитални услуги кои што се купување на опрема, лиценци, софтвери, значи во едни такви услови сè што суштински и директно не се поврзано со справување со корона-кризата мора и може да биде предмет на кратење. А како и зошто со една единствена цел – да се заштити секое едно работно место, секој да има средства за да го преживее и да го преброди овој период, сите да бидеме солидарни, да ја заштитиме пред се ликвидноста на буџетот за да ги сервисираме овие обврски и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството коешто потоа треба да се рестартира и да продолжи да ја полни цефката за да може да продолжи да оди и да тече нормално и расходната страна.

Пред неколку денови најавивте задолжување од скоро 600 милиони евра? Колку тие пари ќе бидат доволни со оглед на тоа што ние и онака мораше да се задолжиме да сервисираме стари долгови.

Дали овие средства ќе бидат доволни за до крајот на годината зависи од сите овие сценарија, кое од овие сценарија ќе се реализира. Меѓутоа, сметам дека не е реално со оглед на целата глобална слика, и на предвидувањата и на очекувањата, да очекуваме дека овие средства ќе бидат доволни. Сценаријата кои што ги правиме во однос на колку ќе биде поголема потребата за сервисирање, за дополнително задолжување, согласно тоа колку ќе биде поголем јавниот долг, сега во моментот не се наш фокус и приоритет. Како што гледате и една Германија веќе не зборува за дефицит, ЕУ вели дека лимитите кои што ги има поставено во ваква ситуација веќе не важат.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG