Настаните на денот низ фотографии - 26 март 2020 година.
Отворени граници - Спуштени рампи

1
ЕУ - Европската унија денеска ја одбележува 25-годишнината од нејзиниот Шенгенскиот договор за отворање на границите со затворање на сите свои копнени граници или со силни проверки поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот, објави Ројтерс.

2
МАКЕДОНИЈА - Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. Нови случаи на заразени има во Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1) и Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус, денеска до 12.00 часот, изнесува 201 лица, објави Министерството за здравство на својата официјална Фејсбук страница.

3
МАКЕДОНИЈА - Според евиденцијата на МВР, во изминатите 24 часа, 25/26 март, на територијата на државата 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

4
ТУРЦИЈА - Турција ќе ја надмине епидемијата со коронавирусот за две до три недели преку добри мерки, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган, во момент кога Анкара го продолжи затворањето на сите училишта до 30 април.