Настаните на денот низ фотографии - 23 март 2020 година.
Коронавирус, коронаобврзница и тивка процедура

1
МАКЕДОНИЈА / БРИСЕЛ - Со т.н. тивка процедура, земјите членки на ЕУ ги усвоиле амандманите за нацрт-заклучокот кој се однесува на отворање пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Во наредните денови се очекува усвојување на овие заклучоци по писмена процедура, јави дописничката на Радио Слободна Европа од Брисел.

2
МАКЕДОНИЈА - МВР до ОЈО Скопје поднело вкупно 15 пријави за ширење на лажни вести кои се однесувале на состојбата со коронавирусот, информираше денес на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

3
МАКЕДОНИЈА - На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, соопшти Министерството за здравство. Ова е втора жртва на Ковид-19 во Македонија. Денес до пладне беа регистрирани нови 22 заразени, со што бројот на лица со коронавирус се искачи на 136.

4
САД / АВГАНИСТАН - Американскиот државен секретар на САД, Мајк Помпео, ја заврши итната посета на Кабул, без да каже дали е можен договор меѓу политичките лидери во Авганистан.