Достапни линкови

 
АНАЛИЗА: Како про-Кремљ медиумите го спинуваат дипломатскиот пресврт меѓу САД и Русија

АНАЛИЗА: Како про-Кремљ медиумите го спинуваат дипломатскиот пресврт меѓу САД и Русија


Соединетите Држави и Русија ги поправаат оградите на дипломатскиот фронт: Кирил Дмитриев, висок советник во Кремљ и шеф на рускиот Фонд за директни инвестиции, е во Вашингтон на разговори за Украина, што е прв пат висок руски функционер да го посети главниот град на САД по целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Но, ситуацијата, која брзо се движи, создаде когнитивна дисонанца во Москва. Очигледната фрустрација на претседателот Доналд Трамп од напредокот на мировните преговори за Украина сега исплива на површина и американскиот лидер нагло ја заостри својата реторика против Путин.
На 30 март, Трамп се јави кај Кристен Велкер од NBC News за да ја пренесе својата фрустрација од рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека е „многу лут, налутен“ на шефот на Кремљ затоа што го доведува во прашање кредибилитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Прес секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, на брифинг со новинарите на 1 април рече дека Трамп „е фрустриран од лидерите од двете страни на оваа војна“. Сепак, забелешките на американскиот претседател беа голема промена во тонот.


Трамп - кој ретко зборува за Путин со нељубезни зборови - првенствено го резервира својот гнев за украинскиот претседател, без разлика дали го нарекува „диктатор“ или му упатува јавна критка во Овалната соба.

Во меѓувреме, во сегмент емитуван на 31 март, за време на вечерната информативна програма Вести на државната телевизија Росија-1, се сугерираше скриена политичка агенда на NBC News во известувањето за коментарите на Трамп.

„Со цел некако да го избалансира силниот притисок врз Украина, симпатичниот ТВ канал NBC News дури и успеа да извлече цитат од Трамп за неговиот наводен гнев кон Путин“, рече водителот.

Телевизискиот водител и пропагандист Евгениј Попов зазеде малку поинаков пристап, сугерирајќи дека Трамп едноставно го оттргнува домашното внимание од вревата поради ненамерното споделување на воените планови на администрацијата со новинар во групна комуникација на комерцијалната апликација Сигнал.

„Нема потреба да се чудиме“, рече Попов.

„Жителот на Белата куќа се обидува да го задуши скандалот околу истекувањето на информации за удари врз Хутите преку апликацијата за пораки Сигнал“.

Ваквите пораки, сепак, се отстапување од славеничкиот тон на руската државна телевизија што следеше по кревањето прашина во Овалната соба со Зеленски. А, ветувањата на Трамп дека ќе заземе поцврст став кон Путин, доколку Русија не ги исполни ветувањата, може ги ублажи очекувањата за големо зближување со САД.

Секако, забелешките дадени на руските државни медиуми е несовршен начин да се проценат изгледите за односите меѓу САД и Русија или подготвеноста на Путин да постигне договор со Трамп. Руските државни медиуми генерално се гледаат како сигурен барометар на она што Путин го мисли и ги пренесуваат секојдневните точки на разговор на Кремљ на руската јавност, но самиот Путин седи на врвот на затворениот апарат за одлучување.


Можеби показател од спинот за Трамп на руската државна телевизија е приливот на критики насочени кон Европа од некои од врвните пропагандисти на Кремљ, особено кога европските нации се зближуваат.

Во забелешките што следеа по договорот меѓу САД и Русија за запирање на употребата на воена сила во Црното Море, ТВ водителот и пропагандист Владимир Соловјов се пофали дека за „безбожните“ Европејци нема место на разговорите во Ријад.

„За Трамп, Путин е сосема разбирлив: лидер на нација близок до неговите фундаментални вредности. Кој се конфронтира со него? - изјави Соловјов.

„За Трамп, Европа е непријател“.

Во неодамнешното интервју за Си-Ен-Ен, рускиот националистички идеолог Александар Дугин, исто така, ја нападна Европа, шпекулирајќи: „Ако на пример Трамп ги повлече Соединетите држави од војната против нас во Украина, може да дојде до ситуација да се бориме против европските глобалисти, европските либерали во Украина, без Америка“.

Некој може да ја доведе во прашање мудроста да му се даде платформа на човек, познат по геноцидна реторика, но резултатот беше јасен.

Руската пропаганда ја прикажа Европа како закана, особено во услови на разговори за „наклонета“ коалиција да ја поддржи Украина или дури да испрати мировници.

Фразата „пукање шампањ во Москва“ стана популарна за одлуките на американската политика, кои се чини дека го фаворизираат Путин.

Тоа е можеби несвесно повикување на моментот кога огнениот руски ултранационалист Владимир Жириновски подигна чаши пенливо вино Абрау-Дурсо за да ја прослави изборната победа на Трамп во 2016 година.

Но, сè уште нема блескава можност за фотографирање што сега може да го прикаже руската државна телевизија за да ги објасни спротивставените сигнали од Вашингтон.

XS
SM
MD
LG