Господине Касами, меѓупартистските односи во ВЛЕН изминати во две недели, буквално ја брануваат јавността. Колкави се шансите од денешна перспектива коалицијата заеднички да настапи на претстојните локални избори или сепак е можно Таравари да го напушти ВЛЕН?
Јас уште верувам дека има реални шанси ние да продолжиме заедно, затоа што ценам дека прво вредноста на секој од партиите, дел од Влен, е поголема како дел од коалицијата отколку кога би била надвор. Ние сме се обиделе порано, секој поединично, до го предизвикаме Али Ахмети и ДУИ и не сме успеале. Успеавме само кога станавме заедно.
Така да, се надевам дека ова ќе завладее кај секој член на оваа коалиција и на крај ќе излеземе со заеднички став дека тоа што беше целта за да бидеме заедно - и понатаму останува истата цел. ДУИ уште го нема дадено одговорот на 20 години коруптивно, криминално владеење со државата и непретставување на Албанците.
Почна да дава отчет. Кога требаше тоа да продолжи, излезе и ова, јас ќе кажам како молња од ведро небо за нас особено, што некој имал контакт, имал комуникација и цени дека треба да се продолжи комуникацијата со Али Ахмети и со ДУИ.
Вие лично сте имале комуникација?
Не. Значи, јас сум го кажал тоа неколку пати. Јас ценам дека Али Ахмети треба да одговара за тоа што им го направи на Албанците, за злоупотребата на позициите на неговите функционери, на неговите блиски членови на фамилијата. ДУИ треба длабоко да се реформира, па од после треба да видиме за можни канали на комуникација.
Меџити буквално даде еден ултиматум за Таравари побразо да одлучи - дали ќе остане во коалицијата ВЛЕН или ќе продолжат преговорите со ДУИ. Без Таравари, реално колку тежи ВЛЕН?
Јас ценам дека ВЛЕН тежи... да не кажам повеќе, но толку без Таравари колку што вредеше и тежеше со него. Сепак, другите чинители се тука. Од друга страна, со секој член во една фамилија, во една коалиција, дури и една партија, има вредност, бидејќи некој ќе биде внатре. Но, кој било да излезе, автоматски создава можност некој да влезе. Јас ценам дека најголем губитник ќе биде тој што ќе излезе во случајот со коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“. Во случајот, мислам дека ВЛЕН ќе продолжи уште посилно.
Јас тоа не го гледам како ултиматум, затоа што од моментот кога ние сме се соединиле, сме ги знаелe принципите на коалицијата. Тоа е дека ние сме тука да ги средиме грешките на ДУИ, односно функционерите на ДУИ кои згрешиле на државата, на народот, на Албанците, треба да одговарат за тоа.
Било кој ќе излезе надвор од овие принципи или треба да се врати во тие принципи за кои и со кои сме заедно или треба да каже фала, многу пријатно.
Во рамки на коалицијата, сте имале средба изменатиот период и директно да поразговарате со господин Таравари, зашто се одлучува на таков чекор?
Да, сме имале неколку. Последното што требаше да го имаме ова недела, во редовните неделни состаноци на координативното дело на коалицијата, господин Таравари одлучи да не дојде. Имаше според него некое објаснување. Според мене, за да се состанеме во вакви околности, не би требало да има образложение да не бидеме дел од тие состаноци, особено во вакви моменти, сепак оставам на него да одлучи дали ќе биде на такви состаноци или нема да биде,
Неговите објасувања, според мене, не држат. Но, добро, останува на него тоа да го образложи.
Може да ни откриете за што станува збор?
Тоа го кажа и во јавност. Кажува дека коалицијата не стои добро кај Албанците, што според нас не е вистина. Анализите, анкетите што ние ги имаме, го кажува спротивно.
Значи во ДУИ, не несогласувања, имаше убиства поради позиции во власт кој ДУИ ја имаше 20 години. Но, сепак немаше ситуација да некој од ДУИ во тие 20 години да излезе и да вика ќе одиме кај ВМРО-ДПМНЕ или кај СДСМ или ќе одиме во друга политичка партија. За нас нема рационално образложение во ваква ситуација да има каква било комуникација и соработка со Али Ахмети и ДУИ.
Ќе бидам подиректен, барањето на Тирана, што исто така е дел од објаснувањето дека сака да го соедини албанскиот фактор во Македонија, и тоа не држи, затоа што Албанците во минатото биле во многу во потешка ситуација. Тирана не имала, не покажала интерес да помогне на Албанците. Јас сум го кажал тоа јавно, во неколку наврати. Oфицијална Тирана во случајот пред председателот на Владата таму има реагирано во неколку случаи да го спаси Али Ахмети и ДУИ. Албанците се многу повеќе од ВЛЕН, ДУИ, БЕСА. Со еден збор, нема рационално објаснување за ваквиот чекор на Таравари.
Освен она што Таравари го соопшти во јавноста, а кажувате и вие дека било дел на тие средби, во однос на несогласувањето и неподдршката на Албанците за функционирањето во Владата, имаше и за распределбата на градоначалничките места, но проблемот е и во советничките листи. Што всушност бара Таравари, а што е прифатливо за ВЛЕН?
Не е тоа причината. Ако ние му дадовме пет загарантирани пратенички позиции во листите, ние бевме спремни да му дадеме исто предност во делот на позициите во локалните избори. Дали за градоначалници, дали за советници. Но, инсистирањето да се оди посебно на листите и што останува во тие позиции, за нас оди во прилог на ова што го кажуваме цело време - давање на уште една можност на ДУИ да се врати. Затоа што сепак ова се локални избори.
Во локални избори политичката позиција, односно вредноста на политичкиот глас се листите. Затоа што таму се гласа за листа на партија или на коалиција. Во делот на кандидатите, граѓаните повеќе избират личност.
Ние цениме дека или ќе излеземе заедно и за градоначалници, и за советнички листи, кандидатите ќе бидат на коалицијата ВЛЕН или било кој има друга комбинација, тоа не е комбинација на коалицијата ВЛЕН.
Сметате дека ќе дојдете до консенсус за ова прашање?
Ако владе разумот, ако завладе заедничкиот интерес, што беше наш, кога ја почнавме оваа мисија, кога го почнавме овој проект, убеден сум дека ќе го надминеме. Ако има друго нешто која не се кажува јавно, кое не може да се кажува јавно, било што е надвор од политичкото резонирање, има опасност да не се договориме.
На почетокот на месецов, општината организираше јавна дебата во однос на иницијативата која што ја поведовте за промена на дел од имиња на улиците во Општина Тетово. Свесни сте за реакциите кои што доаѓа од многу страни во однос на ова прашање...
Ние имаме цели населени места, цели блокови, каде што нема име на улица. Значи, од поранешната анализа, произлезе дека само околу 30% од урбаниот дел на градот е покриен со имиња на улици кои, нели, делимично имаат по две имиња. Процесот во минатото дел е направено, па не е завршено и така натаму.
Завршено е во општината, но, не и пред Владата.
Не е завршено по закон. Така да, ние сме во ситуација кога другите институции или приватни компании, ние како општина не можеме да ги најдеме граѓаните. Праќаме коресподенција со граѓаните, одговорот е дека не постои таа адреса, таа куќа или дом. Иако гледаме физички дека е тука. Ова е посериозен проблем што бара и покомплексно решение.
Оваа недела ќе биде вториот ден на дебатата каде граѓаните отворено во општинскиот совет ќе може даваат свои предлози. Ќе има уште две такви сесии во следните денови, каде што Комисијата ќе ги анализира сите со образожение, со систематско и по закон анализиран секој предлог и решение и на крај уште еднаш со најширок можен општествен консензус ќе го завршиме процесот и Тетово ќе добие имиња на новите улици.
Тоа веројатно би требало да се случи до крај на месецот, бидеќи ако со процесот се влезе во мај, а изборите ако се во октомври, се вели дека во последните шест месеци пред одржување на изборите, не може да се пристапи кон менување на имињата.
Целиот процес почна пред две години и веќе трае две години, и трае, значи, веќе трае две години, за мене не е важно дали ќе заврши во првиот мандат, за да условно кажано го користам во кампањата и да кажам, еве, уште еден проект го реализирав. Свесен сум дека, нели, согласно закон, ако прекине процесот и продолжи после изборите, ќе се користи против мене.
Од кога стапивте на функцијата градоначалник во Тетово, во неколку наврати носевте мораториум за градење за ДУП-от за Шик Јелак. Се уште ли трае мораториумот и до кога трае? Дали првиот мораториум па до денес, имало и некакви обиди од страна на контроверзниот црногорски бизнесмен Миодраг Давидовиќ Дака за некакви контакти да се одблокира процесот за да може да гради?
Јас сум се состанал со именуваниот бизнисмен и сум покажал интерес за соработка, да имаме подобар урбанистички план таму, подобар ДУП и да продолжи инвестицијата. И во тој правец до едно време одеа работите. Ние му понудивме едно решение кое е похумано, значи имаше таму еден заеднички простор, една парцела за градба, за зграда беше пренамената за заеднички простор, за игралиште, мутифункционално игралиште. Една друга парцела беше пренамената за парк, беа проширени улиците, тротоарите и за моето концепирање на урбаниот дел беше прифатлив. Но, за жал, немаше реакција од другата страна. Изгледа господинот ценеше дека тоа што го има добиено од предходната власт мора да оди до крај така. И од моментот на ставање во црната листа се прекинати сите комуникации.
Со доаѓање на новата влада, веќе одиме во друга линија за решавање на урбанистичкото решение во тој дел. Сега веќе имаме договор со владата да тој дел се пренамени за згради за административни цели и потреби. Да се смени комплетно намената на таа парцела, затоа што поголем дел од сопствеността на земјището е државно.
Многу мал дел е приватизирано од тоа земјиште и веќе се оди во правец на промена и на генералниот урабистички план за тој блок и ДУП-от за поголемиот дел од таа парцела да биде наменет за институции, училишта, градинки, други јавни институции, паркови, да биде едно место каде граѓаните ќе можат да ги реализираат своите потреби.
Изминатата година општината склучи договор преку јавното комунално претпријатие, па се избра фирма за реконструкција на градскиот стадион и други спортски објекти. За тоа се произнесе и Уставниот суд. Што се случува на терен, има ли градежни зафати?
Да, имаме договор, градежни активности по договорот. Убеден сум дека пред крај на година. Кога се гради од јавни институции, од општината, од институции... го имаме примерот со театарот во Тетово, домот на културата, каде проект беше предвидено да се реализира за 15 милиони евра, а надмина 30 милиони евра. И уште не се гледа крајот. Во случајот, ние избравме јавно-приватно партнерство, дадено е да се реализира приватно бидејќи цениме дека ќе се реализира многу поевтино, побрзо и поефикасно.
Во 2016 година, имаше компанија со јавно приватно партнерство која беше задолжена да ја изврши реконструкцијата од свој џеб. Сега доаѓаме во ситуација кога реконструкцијата ќе ја врши компанија, а ќе плаќа општината. Зошто се одлучивте на ваков чекор?
Се одлучивме бидејќи тоа е објект од јавен интерес. Таму тоа не е приватен објект, не може по функција да биде приватен. Таму треба да играат сите екипи во Тетово, согласно условите кои ќе ги исполнат, ќе бидат во Првата лига и ќе не претставуваат во националните натпреварувања и надвор од државата. Се надеваме и работиме на тоа на крајот на процесот кога ќе имаме нов стадион и националниот тим ќе игра во Тетово и други тимови. Прво не може да биде приватно. Одлучивме дека мора да се направи со јавни пари со градски пари за да на крај биде јавен интерес.
Тоа што објаснив дека избравме да го направи приватна фирма цениме дека се работи за компанија која нема интерес да придобие нешто од градот. Секојдневно донира за градот. Даде милион евра за реконструкција на болницата во Тетово, 200 илјади евра за ГУП на Тетово и може да е еден од најголемите донатори во градот.
За колкав временски период требаше да се изгради?
За три години.
Кога ќе дојде сметката на крај за плаќање, како ќе успее општината и јавното претпријатие да ја платат, имајќи во предвид дека и општината и сите јавни претпријатија имаат долг од речиси 14 милиони евра?
Па како што успеавме да реализираме многу проекти. Последен промовиран проект е делницата на еден булевар кој општината го реализираше со сопствени пари од 1 милион евра. Не знам дали има друг случај во државата, освен Скопје, главниот град, каде општините реализираат булевари.
Знаеме кој е форматот на еден булевар. Како што ние успеавме за три години да инвестираме многу повеќе отколку што е инвестирано 10-тина години наназад, истовремено да го намалиме долгот на градот за 10 милиони евра. По истиот принцип, со економично домаќинско работење, на крај ќе имаме стадион и Тетово можеби до тогаш нема да има долг како град.