Достапни линкови

 
Таравари: Влен размислува да биде една партија по локалните избори

Таравари: Влен размислува да биде една партија по локалните избори


Таравари: Треба да им се отпишат долговите на болниците
please wait

No media source currently available

0:00 0:17:43 0:00

Таравари: Треба да им се отпишат долговите на болниците

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија, вели за РСЕ лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари. Тој најави жалба до Апелација по одлуката на тетовскиот суд за тоа кој е претседател на АА. Според него „важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува“.

Господине Таравари, опозицијата до сега ве обвинуваше дека состојбата во здраството е катастрофална, дека умираат деца на клиники, и повторно снемува лекови во одредени клиники за најтешко болните од рак. Што се помести кон подобро, откако сте вие министер?

Состојбата во здравството на вистина е катастрофална, меѓутоа не е катастрофална само последните 7 месеци, бидејќи и да сакате еден совршен здравствен систем да го уништите за 7 месеци е невозможно. Значи, точно е тоа дека наследивме девастирано здравство
и дегенерираното комплетно. И нормално невозможно е со магично стапче за 7 до 8 месеци да направите од македонско здравството, тоа да биде норвешко или шведско здравството, тоа е невозможно.

Меѓутоа, ние правиме се што можеме и колку што можеме за да подобриме одредени работи. Потпишан е колективниот договор со комплетно медицинскиот кадар и медицинскиот персонал.
Покачени се платите на докторите за 5 отсто минатата година, од први ноември, и во март треба уште 5 отсто повторно, додека за медицинските сестри е покачено до 17 отсо платата, ова е една од работите што е направена.

Второ, јас кога бев министер само 100 дена во 2017 година, имаше проблем со приватните специјализанти, кои што не беа третирани од државата. Што направивме за 600 вкупно приватни специјализанти, за сите нив донесувме одлука во влада и на 30-ти декември минатата година, 2024 година, го поминавме во финансии и здравство, за да, до крајот на март сите добијат решение за работа. Значи да бидат вработени, бидејте тие се потенцијални кандидати за да избегаат од државата.

Но, Вие донесувате одлука дека ќе бидат вработени, но не беа вработени. Требаше до крајот на 2024 година 300 да бидат вработени, и 300 до крајот на 2025 година, ама си уште тие се не вработени.

Значи, тие се доктори кои што не беа предвидени во систематизацијата на болниците. Ние не знаевме колку има специјализанти по која област. Ни требаше време тие да се пријават на апликација. После, ние сите тие да ги испратиме во болниците.
Во Министерствата за здравство и финансии во Владата е поминато на 30-ти декември. Што треба сега да направиме? Сите болници, сите здравствени установи, треба да направат нови систематизации.

Затоа ова доцни, Но набргу, некои од болниците веќе имаат нови систематизации, около 20 се тоа. Набргу можат болниците веќе сами да објават конкурси и да ги работат.

Што ке значи тоа? Кога ќе можат овие 600 луѓе реално да очекуваат вработување?

300 ќе бидат вработени до крајот на март, 300 други до крајот на декември 2025 година, оваа година. Имено 1200, односно 1180 средномедицински кадар, генерално, кои што беа договорци по 5, 10 и повеќе години, исто така, до крајот на март, треба на сите овие да им се даде решение во здравствените установи. Меѓутоа, чекаме заедно со специјализантите и овие да бидат третирани.

Позитивната листа на лекови, 10 години, односно за 15 години, само еден нов лек е регистриран во позитивната листа, со еден лек е надополнета. И тоа пред 10 години е последниот лек.

Сега 9 лекови во првите 100 дена на Министерството за Здравство, успеавме 9 нови лекови да бидат во позитивната листа,
што мислам дека е, не мислам, току е факт, е заштедување за пациентите неколку милиони евра кои што веќе ги плаќа државата. Јас сакам што повеќе лекови да имаме, меѓутоа имаме и финансиска рамка во Фондот за здравство со која што можеме да покриеме.

Размислуваме евентуално и ефтините лекови кои што чинат помалку од 100 денари, да им ги оставиме на пациентите (сами да ги купат), тоа може секој да го покрие. Тоа е помалку од едно кафе да испиеш во која било кафана во Скопје.

Тоа ни овозможува да заштедиме пари како здравство и со тие пари да воведеме што повеќе лекови во позитивната листа. Значи 9 плус 3 или 4 нови лекови. Исто така размислуваме во април или мај, се надевам, капитацијата за матичните доктори да порасне за околу 20 до 25 отсто.

Кога ќе стане 8 Септември регионална болница?

Па, се надевам наскоро, ние работиме интензивно во подготвување на целата документација. Не само 8 Септември, регионални болниците ќе станат клиничката болница во Тетово, клиничката болница во Штип, клиничката болница во Битола и 8-ми септември.

Кога зборуваме за регионализацијата на болниците, многу ваши предходници ветуваат дека, например, Штип и Битола ќе станат онколошки центри. Но, и по десетина години подоцна, па и купена опрама за радиотерапија за болни од рак, такво нешто не се случи ниту во Штип, ниту во Битола. Во што се разликува вашето ветување од она на вашите предходници?

Видете, не е само Штип и Битола, идејата е и 8 Септември да се дисперзира и идејата е цела онкологија да функционира слично на трансфузиологија. Значи, институтот, односно клиниката за онкологија и радиотерапија, да биде одговорна за сите центри, и во 8 Септември, и во Битола, и во Штип, и во Тетово.

Така би функционирало најдобро, под ист чадор да се сите, како што функционира и трансфузиологија одамна во Македонија. Зошто велам дека е најлесно, бидејќи докторите од 8 Септември, Битоа и Штип би биле под надзор на клиниката, каде што се најкомпетентните доктори кои работат на таа патологија и би знаеле која терапија каде може да се даде слободно, без никакви компликации. Ваквата организираност на Клиниката за онкологија со филијали во овие градови би било најфункционално. Ќе видиме, времето ќе покаже дали ќе функционират или нема да функционират.

Болниците во внатрешноста се со многу големи долгови. Еден од клучните проблеми зашто толку се таложат долгови е непроменетиот ценовник за услуги од ФЗО. Како ќе го решите финансискиот проблем
на болниците за да можат да ги нудат здравствените услуги, кога велите дека се работи на дисперзација на здравствени услуги?

Дефинитивно во вакви услови, кадешто имаме егзодус од Македонија, масовно иселување на луѓето од Македонија, кога Македонија веќе е некаде измеѓу 1,5 и 2 милиони жители, но не многу повеќе од 1,5 милиони, треба да размислуваме за рационализирање во здравството. Што значи тоа?

Ние добивме три сугестии за стратегија на македонското здравство. Едната беше од експерти од Европската Унија, која што ни ја презентира пред повеќето значителни фактори во здравството. Втората беше презентирана од експерти на Светската здравствена организација и третата го работат наши експерти, тукашни македонски, и сега треба да ги споиме трите во едно.

Новата болница во Штип пропаѓа, се бара решение
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:19 0:00

Зошто велам имаме луксузно здравство во моментот? Невозможно е во Струга и во Охрид, кои што се 7 километри еден од друг, овие два града, да имаме 7 болници. Невозможно е Тетово и Гостивар, коишто се 25 км, односно 20 минути, патување со кола или 30 минути, да имаат две огромни болници во кои ќе се третират и педријатрија, и ортопедија, и хирургија, и гинекологија, и вакви повеќе болници низ државата, во радови, кои што им се 20-30 км, а имаат две огромни болници. Ние мора долгорочно да размислуваме.

Тоа е во сегментот на рационализацијата, на што правиме со долговите на болниците, кои што до сега се сериозно наталожени и милионски суми се?

Долговите, токму така, повеќето болници за жал се задолжени.
Единствено решение е, евентуално, да се изнајде решение е како да се избришат тие долгови, бидејќи исплатата на тие долгови со овие буџети што им ги даваме, со ист буџет или маллу повисок буџет, тоа е скоро невозможно.

Долговите пак се вртат, тука се од институција во институција. Нема друго решение, освен директорите кои што добро меџирале реално, искрено, и не се тие болници многу задолжени, таму кадешто директорите работеле многу повеќе отколку што добивале од фондот, реално се наталожуваат долгови, така треба да се изнајде решение. Мислам дека едно од можните решенија можеби и кога ќе ја направиме Стратегијата, да размислиме да почнеме од почеток.

Што значи тоа, ќе има или нема да има промена на ценовникот за услуги што доаѓа од фондот?

Мораме да направиме, бидејќи вака уште повеќе ќе ги задолжиме
болниците. Бидејќи со тие пари што ги дава фондот на болницата, а болницата дава услуга која што пред 10 години била многу поефтина
и сега нормално е многу поскапа во која било приватна ординација е невозможно да не се задолжува болницата. Така да, мора да се корегираат цените на услугите кои што ги дават болниците, а ги плаќа фондот.

Кога сме кај болниците од внатрешноста, Кичево, Струмица, Штип, зашто се поместуваат роковите за овие болници кои што се во изградба со години?

Не се поместуваат роковите, туку бараме најдобро можно решение за да ги започнеме работите во овие болници. Заедно со Владата и Министерството за здравство, веќе има заинтересирани, да речам, поголеми корпорации, кои што би сакале да влезат во Македонија и да ги изградат овие болници.

Недовршени и запуштени нови болници во Кичево, Струмица и Штип
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Значи, размислувате за јавно-приватно партнерство во овие болници?

Не јавно-приватно партнерство, туку да видиме, евентуално, како задолжување, меѓутоа долгот да почне да се наплатува откако ќе бидат изградени овие болници. Меѓутоа се уште немаме едно конечно решение. Затоа ви велам, во буџетот не се предвидени, бидејќи невозможно беше да најдеме средства за да ги изградиме и се обидуваме да најдеме решение со кое што би почнали да ги изградиме, а би ги плателе многу подоцна.

Поради кабел, нова и опремена болница во Струмица, четири години зјае празна
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:30 0:00

Министре, вие сте делот оваа влада како лидер на Алијанса за Албанците. Откако Тетовскиот суд донесе одлука, дали сега вашиот поранешен сопартиец Зијадин Села е сега лидерот на Алијанса за Албанците, односно на која партија сте лидер сега вие?

Не, ние продолжуваме, сега оди во Апелација, продолжува, комплетно партијата функционира и 80 отсто од членството, и повеќе од 80 отсто од членството се во Алијанса за Албанците. Меѓутоа, често велам ирелевантно е кој како ќе се нарече и што партиите, секогаш и сите институции се на луѓето, на членовите на општеството, а не на индивидуи.

Јас сум моментално, утре ќе биде некој друг, вчера беше Зијадин и така натаму така да... Важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува.

Дали можеби овие промени и овие одлуки на судот сега би значале дека крилото на Села ќе се припои кон вас како делот од Владата?

Не верувам, нема никакви преговори за господинот Села да се приклучува на Владата, господинот Села веќе е многу близок на господинот Ахмети и јас мислам дека поголеми се шансите да бидат дел од ДУИ и да се спојат со ДУИ отколку да бидат дел од Владата.

Има некои најави дека сите партии од коалицијата Вреди, односно Влен,ке се спојат во една партија. Дали можеби тоа ќе биде решението за состојбата во која што сега се наоѓате со господинот Села?

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, после локалните избори веќе сме размислувале и сме зборувале за тоа, можеби и може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија, меѓутоа ова нема врска со господинот Села.

Ги спомнавте локалните избори, дали веќе се разговара, има предлози за кандидати на Влен за локални избори? Во кои градови размислувате да се вклучите во трката за избор на градоначалник?

Секако дека се зборуваат веќе и правиме одредени анкети за одредени имиња. Во повеќето општини, кадешто мнозинство, односно има шанси и Албанците да победат, повеќе се Албанци, размислуваме за потенцијални кандидати. Меѓутоа, се надевам, кон крајот на март, ќе излеземе и со предлози кои би биле нашите кандидати во одредени општини за идни градоначалници.

Ќе настапуваат повторно како коалиција или ке одите сами како партија во трката?

Не, во повеќето, во урбаните општини, јас се надевам дека ќе имаме единствени кандидати, секако. Во руралните општини, можеби,
може да одат, ако има тројца добри кандидати, така да, за советничките листи, размислуваме и анализираме се уште.

Побаравте уште една година за уставни измени. Претходно, тврдевте дека за шест месеци ќе бидат донесени. Сега, велите дека, очекувате за уште една година, барате нов рок. Има ли гаранција дека измените навистина ќе се случат во овој рок? Што очекувате да се смени
за една година?

Јас гледам дека премиерот Мицковски е подготвен и сака да ги започнеме преговорите што поскоро, бидејќи тоа е некаква надеж за луѓето кои што живеат тука. Нормално дека ние како Влен инсистираме и ќе продолжиме да инсистираме, меѓутоа, секогаш мора да се убеди и ВМРО, бидејќи без ВМРО не можат да се случат уставните промени. Значи невозможно е, нема формула која што може да ги направи уставните промени без тоа да има согласност од ВМРО.

Колку што гледам, премиерот е подготвен, меѓутоа бара некаква гаранција. Дали тоа ќе биде од Софија, Брисел или Вашингтон, тоа е ирелеванто, но и дека ова е последно условување за Македонија. Дека е претерано условувањето кон Македонија и за ЕУ и за НАТО, тоа е непобитен факт. Меѓутоа мора ние да изнајдеме некое решение и да размислиме сериозно затоа што не е убаво Македонија да остане во група со Босна, Косово и Македонија да бидат три држави од Западен Балкан што не ги почнуват преговорите. Неккао ќе се обидуваме како ВЛЕМ и како дел од владата да го акцелерираме овој процес и да се обидеме што побргу да се направи нешто да се тргне од оваа статус кво ситуација.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG