Достапни линкови

„Груби“ грешки во чекори во Лотарија, во судството, на патот кон ЕУ


Груби грешки во чекори во Државна лотарија. Каде грешиме на патот кон ЕУ, до каде што со воз сигурно не можеме да стигнеме. Зошто младите се незаинтересирани за политика? Њузлетер 03.11.2023

Кој ја доби главната премија од Државна лотарија?

Заташкување на трагите од можните малверзации на Државна лотарија или влегување од грешка во грешка?
Од пред неколку дена, Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски е нов сопственик на „Хеј ДООЕЛ“, компанија која склучи договор за закуп на деловни простории со Државна лотарија во скопско Визбегово тежок над 2,6 милиони евра.

Промената на сопственоста е извршена во Централниот регистар на 26 октомври 2023 година. Пријавата за бришење на досегашниот сопственик, Армин Машовиќ е поднесена на 20 октомври, стои во електронската база на Централниот регистар во делот за упис на промени.
Временски, тоа е само два дена подоцна откако РСЕ објави дека 33 годишниот скопјанец за неколку месеци ја формирал „Хеј ДООЕЛ“, ги купил деловните простории во поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ и потоа склучил договор со Државна лотарија за закуп на истите за сума од над 2,6 милиони евра.
Останува нејасно зошто Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ влегува во „Хеј ДООЕЛ“ во време кога компанијата и нејзиниот управител се предмет на интерес на Обвинителството и Финансиската полиција за склучениот договор за закуп со Државна лотарија.
Ќе има ли одговорност за „ГРУБИ грешки во чекори на Државна лотарија“ или ќе успее заташкувањето на целата афера?

Каде грешиме на патот кон ЕУ?

Изборот е Ваш! Северна Македонија е суверена земја и прави сопствени избори, порача претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на 30 октомври во Скопје. Тоа беше нејзиниот одговор што ќе се случи ако до декември годинава земјата не ги усвои уставните измени, потребни за интеграцијата во Европската унија.

Но, освен за политиката, претседателката на Европската комисија од Скопје упати пораки и за зближување на економиите. Образложувајќи го планот, таа рече дека тој треба да придонесе за раст на економијата, отворање на европските пазари за македонски производи, отворање на регионалниот пазар, со што би се добило, како што вели „еднакво поле за играње на единствениот европски и регионален пазар“.
За да се исполнат плановите за економски раст, треба да има реформи со кои администрацијата би била поефикасна, јавните финансии би биле подобри, би имало подобрена бизнис средина, а треба да продолжат и реформите во судството и борбата со корупцијата.
За уставните измени, политичките лидери можеби некогаш и ќе се договорат, но за реформите, кои се исто така клучни на патот кон ЕУ, засега, како никој да не е заинтересиран, а уште помалку за расчистување на корупцијата.

Со воз сигурно нема да стигнеме во ЕУ

Македонски железници тонат со години. Се сменија влади, директори, а состојбата со железничкиот сообраќај е сѐ полоша.
Долгогодишните проблеми на железници како големите долгови, неинвестирањето во опрема и нови возови и недостатокот на работна сила, за што ни сведочеа вработени кои не сакаа да зборуваат пред камера, буквално се пресликуваат на терен, а граѓаните се принудени да бараат алтернативни начини за превоз иако возот е најевтин и најудобен.
Се возевме со воз од Скопје до Велес.

Иако е најевтино, речиси никој не се вози со воз
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:33 0:00


Сами ќе си ги платиме штетите од масовното прислушување, бидејќи испадна дека никој не е виновен

Груби грешки се прават и во правосудството, случајно или намерно, па тоа има големи последици и врз буџетот на државата.
Случајот „Таргет“ застаре. За масовното прислушување, се спасија поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и уште петмина обвинети, бидејќи, делата злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувања им застареа благодарение на измените на Кривичниот закон од 6 септември.

Политичари од власт и опозиција, новинари, бизнисмени беа на листата сведоци кои најавија дека ќе бараат отштета. Речиси сите во судницата во Кривичен посочија дека обесштетувањето ќе го бараат во парница пред Основниот граѓански суд.
„Сметам дека фактот што во кривичната постапка не е утврдена одговорност нема да има влијание на граѓанската постапка и штетата би требало да биде досудена“, вели адвокатот Филип Медарски за Радио Слободна Европа.
Со едноставни зборови, виновници нема, оштетени има, а штетата ќе ја плати државата од буџетот, значи, од наши пари.

Текстилните компании пред колапс, каде е грешката

Проблемите кај текстилците се последица на повеќе фактори. Странските компании, за кои работат, почнуваат да ги прекинуваат договорите и да го селат производството, на пример во Египет и во Мароко, каде што работната сила е поевтина.
А работната сила во државата, особено во источниот дел, каде што главно се концентрирани текстилните фабрики, се намалува. Нема млади.

И додека дел од инволвираните во текстилната индустрија гледаат проблем и во државата – во монетарната политика, големите трошоци, Кристина Ампева од граѓанското здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ смета дека проблемот е во самите текстилни компании. Ампева нагласува дека и кога државата им помагала на работодавците, посебно во време на ковид кризата, тие повторно им исплаќале минимални плати на вработените.
Официјалните бројки на организацијата на работодавачи покажувaат дека од некогашните 65.000 вработени во текстилната индустрија пред 2010 година, денеска брои 26.000 вработени, чија судбина станува неизвесна.

Младите за политичарите: „Немам поим кои се луѓево“

Каде згрешија политичарите со младите? Ретко кој млад човек во земјава ги знае политичарите по лик и по име. Некои, не знаат ниту кој ни е претседател и премиер. Ова го покажа нашата анкета, а го потврдуваат и истражувањата. Зошто младите не ги интересира политика и како ќе гласаат на избори ако е така?

Младите за политичарите: „Немам поим кои се луѓево“
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:29 0:00


Пак ли ќе се гушиме од загаден воздух, а сите безгрешни

Опасен отпад во скопски Ѓорче Петров. Горат кабли, акумулатори на диви депонии во регионот на главниот град Скопје. Па пожари. Зимата доаѓа, ќе чури од сите страни. И дишеме на шкрги. Mедиуми ќе ги пренесуваат ранг листите за најзагадени градови во светот, а во нив загарантирани први места има за неколку македонски градови. Во ова издание напоткастот Зошто разговаравме со Јане Димески советник на Граѓанската иницијатива Шанса за Центар, која мапираше над 800 јавни објекти кои користат нафта и мазут како еден од елементите кои придонесуваат за аеро загадувањето во државата.

Слабо оди фаќањето на „лошите“
please wait

No media source currently available

0:00 0:15:03 0:00
Директен линк

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG