Иако е најевтино, речиси никој не се вози со воз
Евтини карти, празна железничка станица, нередовни линии и незадоволни патници – ова е секојдневната слика од железничкиот сообраќај во земјава. Се возевме од Скопје до Велес за само 113 денари, но патници речиси и да немаше. Оние редовните, пак, сведочат оти патувањата често се одложуваат, па велат неретко се случува релацијата Скопје – Велес да трае и по два и пол часа.