Достапни линкови

Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи и тоа мора да се смени


Ѓорѓиевски: Мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:29 0:00

Ѓорѓиевски: Мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје

Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски. Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник.

Градоначалнику, по големиот пожар во Расадник, што ќе се гради таму?

По големиот пожар во Расадник, како што изјавив и за медиумите, нема да се гради ништо. За да се гради во Расадник, треба да се донесе Детален урбанистички план (ДУП).

За разлика од минатото и концептот од минатото, каде што во Расадник требаше да се изврши груба бетонизација од мојот предходник, од редовите на Социал-демократскиот сојуз, тоа е бившиот градоначалник на Кисела Вода, мојот концепт, кој што го понудив беше поинаков, граѓаните го поддржа и тој концепт станува пракса. Почнува во пракса да се реализира, а тоа значи во првиот дел од своето ветување, јас кажав и заврши успешно објавување и избор на меѓународен конкурс за идејно решение за Расадник. По завршената постапка треба допрва да се нарача изработка на ДУП.

Согласно финансиите на општината, кога ќе бидеме во можност, ќе извршиме постапка во која што ќе биде нарачан Детален урбанистички план, но во моментов сме далеку од таа постапка.

Така да сумирам долгото на кратко, во Расадник нема ништо да се гради, во Расадник јас препорачав на оние кои што беа загрижени, бидејќи во моментов единствено може да засадат некоја овошка, зеленчук и така натаму, може да се искористат својата имагинација и креација и да пристапат кон такво нешто.

Конкурсот заврши минатата година, беа избрани грчки и хрватски архитекти како победници на конкурсот. Рековте, далеку сте од нарачка за детелен урбанистички план. Во што е проблемот? Дали општината нема доволно пари за да се изработи нов урбанистички план?

Па, видите, ние функционираме по приоритети, по предлог на граѓаните. Концептот во функционалност, односно креирањето на буџетот е променат и приоритетите ги утврдуваме на годишно ниво, така беше минатата година, така ќе биде и оваа година, согласно финансиите кои што ги имаме на располагање, спрема потребите на граѓаните, односно приоритизација правиме на клучни проекти кои што треба се реализират во наредниот период. Ќе видиме годинава каква ќе биде состојбата при креирањето на буџетот. Секако во тоа неминовно ги вклучуваме граѓаните, таму нема да се изврши груба бетонизацијата, контурите се поставени.

Она што го планираа во минатото оди настрана, односно нема да го види светлото на денот, и излеговме како структура која што ја раководи општината, доследни на нашето ветување пред нашите сограѓани.

Имајќи в предвид дека следната година е изборна година, може ли се очекува во наредната година да биде предвидено пари во буџетот за Детален урбанистички план за тој регион или ќе чека некоја друга година?

Согласно, повторно ќе кажам, приоритетите на реализација на проектите во перспектива може и да биде нарачен Детален урбанистички план, но и да се нараче ДУП, тоа е постапка која што не се решава преку ноќ. Тоа е постапка во која што и многу други институции се вклучуваат. Пред се граѓаните ќе бидат вклучени во јавни анкети, а тоа е нешто што недостасуваше во минатото.


Во име на ЗЕЛС од Владата побаравте да ги сголеми казните за создавачи на диви депонии. Зошто барате зголемување на казните, наместо повеќе инспектори на терен?

Знаете како, од една страна треба да се влијае и на инспекторите. Но, еве во мојата општина имам неколку инспектори, значи дека не е дека немам инспекција, но постапуваат по тарифници, односно глобите се премногу ниски.

И сега, ако земете во предвид одредена градежна компанија, која што во неколку наврати ја казнуваме за истата работа, предпоставам дека концептот нивни е, подобро ќе ризикувам да ме казни општината со 30, 40 или 50 евра, отколку да го носам отпадот во Дрисла.

На овој начин сметаме дека ќе влијае во глобала на целата слика, затоа што ние генерално до сега се занимаваме со последиците. Сега ќе влијаеме на причинителот на сето тоа. И 30-тина години во државава ние генерално во политиката се занимаваме со решавање на последиците, но притоа никој не обрнува внимание на причинителите, односно на начинот на кој што доаѓаме ние да се занимаваме со последиците.

Со казни во висина од 3 до 5 илјади евра и со можност за одземање на возилото на сторителот, на тие 2-3% од населението кое што поради нивната несовесност страдат сите наши сограѓани, дали е тоа во Скопје, дали е било каде во било која општина низ Македонија, сметам дека сериозно ќе влијаеме да се спречи таквата појава и дека има што помалку такви појави во перспектива.

До каде е идејата за комунална полиција? И ваши предходници, и ваши други колеги со години бараат спроведување на еден таков проект, но во пракса се уште ништо нема.

И тоа е еден од проектите, односно измените на закон на кој што работиме. Има тим, формирано од градоначалници, од составот на градоначалниците од нашата заедница од ЗЕЛС, кој што работи во комуникација со Министерството за внатрешни работи, кој што работи во комуникација со делот пратениците од Законодавниот дом. И мислам дека до крајот на мојот мандат, како градоначалник на Кисела Вода, а со тоа и председател на ЗЕЛС, ќе го види и тој закон светлото на денот.

Тоа ќе биде, генерално, со мала модификација од тоа што можеби во минатото се предвидувало, ќе биде проект кој што ќе го види светлото на денот и ќе предизвика состојба во која што повторно ќе имаме нормализирање на состојбите на терен, поголеми овластувања за инспекцијата и санирање на овие штети кои што малкумина ги предизвикуваат во општеството.


Владата не ги исполни барањата на скопските градоначалници да и се одземат ингеренциите на градоначалничката на Скопја Даниела Арсовска за Комунална хигиена, паркови и зеленило.

Какво законско решение барате конкретно, кога Министерот за локална самоуправа Златко Пирински при една од неговите последни изјави рече дека законот не дозволува да се поделат овие претпријатија на скопските општини?

Согласно постечката законска регулатива, нема законска можност за интервенција во овој дел.

Прво, мораме да споменаме дека тоа не е став на поединец, туку беше на сите скопски градоначалници, барање од сите скопски градоначалници, за кое што разговаравме и со премиерот, но не се откажуваме ни од нашата идеја и сме во фаза каде што составуваме тим, исто од градоначалници, кои што ќе работи со стручни служби за интервенција во законот.

Знаете како, сега е најизразен проблемот во Скопје. Утре ден може да биде изразен проблемот во било која скопска општина. Не може еден човек поради за него разбирливи причини или било каква фрустрација да држи заложници цел град, цела општина и така натаму. Градоначалниците, јас поаѓам од себе си, согласно постоечките закони за локална самоуправа, се недопирливи, се презаштитени.

Можете да смените градоначалник само на избори. Јас сметам дека треба да се ограничи моќта. Тогаш градоначалникот ќе знае дека може да почне, но нема да му заврши можеби мандатот до крајот на мандатот и логички е дека ќе размислува за нешто да реализира. Ние имаме градоначалници од минатото кои што 4 години ги поминаа во хибернација мандатите, кои што ги преспаа народски кажано мандатите и нема никаква казна, казната единствена е изборите. Мора да има да се воведе механизам со кој што и порано може да дојде до одговорност. Не зборувам само за кривична одговорност, но за одговорност кај градоначалниците и на тој начин да се регулира неговото работење или неработење.

Ако некој избран, како што јас сум бил избран, не значи дека можам сега 4 години да спијам, земаќи ја во предвид со состојбата дека не постои законска регулатива за некој да ме промени. Токму затоа правиме тим кој што ќе работи на измени во законот за локална самоуправа и ќе се однесува токму на овој дел.


Дали вие лично би подржале законски измени со кои што ќе се овозможи смена на градоначалник поради ставање на листа на санкции, неспроведување на програма или презадолженост на општини?

Прво јас би поддржал такво нешто. Поаѓам од себе, јас сум градоначалник, јас кажувам дека преголема е моќта на градоначалниците, на оние кои што ги водат општините, но пред се, сите сме избрани од граѓаните. Се почнува и завршува со граѓаните. Мора да има механизм, по кој што механизам ќе може и порано да одлучи некој за вашиот мандат.

Конкретно во кој насока е размислувањето за да се ограничиме моќта на градоначалниците?

Ограничување во смисла како што е состојбата со градот Скопје. Недопустливо е да продолжи голготата на скопјани, која што трае, впрочем, од почетокот на мандатот на Арсовска, поврзана со функционалноста и нефункционалноста на јавното собраќано предпријатие, катастрофално лошите состојби со Комунална хигиена и неработењето на истата, односно неисполнување на своите обврски, лошата состојба со Паркови и зеленило, нереализацијата на она што е обврска на Водовод и канализација.

Имајќи ја предвид долготрајноста на бирократските процедури во земјава, дали вакви законски измени би дошле по локалните избори, не пред нив?

Јас сум свесен, но и сите како колеги сме свесни дека ова не се процеси кои што преку ноќи се менуваат, но мора некаде да се почне. Ако 30 години никој не го превзема од тој чекор, и да ние сме помлада генерација, сметам дека ние сме таа генерација која што треба да предизвика вистински промени во држава.

Ние сме практично над 600.000 градини заложници на волјата на само еден човек и тоа не треба така да функционира. Затоа треба измени да направиме. Јас сум градоначалник, јас сум апсолутно свесен, но и сите мои колеги, дека со ова и своите можности до сега си ги скратуваме. Но, ова мора да се направи. И ние сме таа генерација која што треба да ги донесе овие промени.

Кога веќе јја споменувате Арсовска, какви промени има во односите и соработката со градоначалничката по минатомесечните напори на владата да посредува меѓу скопските општини и град Скопје?

Секоја комуникација во животот е двонасочна улица. И за истата да се одвива треба двајцата да бидат расположени. Ние, јас можам да ви покажам илјадници дописи на кои што не ни возвраќаат од градот Скопје или од јавните претпријатија.

А да не говорам, па за немањето комуникација, градоначалник наспроти градоначалник на Скопје. Така да, и не е состојбата таква Кисела вода визави градот Скопје, туку со сите општини. А во Скопје има градоначалници од сите политички партии. Колегата од Центар е од Социјал-демократска сојуз и може него да го прашате или колегата Курто Дудуш, мислам дека беше, не знам од која е точно политичка партија, но не е од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Знаете како, Арсоска во почетокот презентираше во јавноста конфликт со мене. После месец ден, почна да во јавноста да споделува дека има конфликт со Христијан Мицкоски.

Па после некој време почна да има конфликт со директори на јавни предпријатија, кои што биле од редовите на ВМРО- ДПМНЕ. И на крајот на денот народот сфати, а и го видовме тоа во пракса, дека практично со сите има конфликт, Данела Арсовска. Ние не можеме да кажеме дека со некого нормално комуницира. Дали е тоа со претставник од Влада, од минатата, од сегашна, дали е тоа со претставник на локална самоуправа, дали е со советниците во градот Скопје во Советот, дали е со директор на јавно предпријатие.

Таму знаете дека за во Гинис може да се кандидира градот Скопје и градоначалниката за број на променети директори за три години. Ова не се случило никаде во светот. Парадоксално е и смешно. Смешно е, но на крајот на денот е повеќе трагично од што е смешно, затоа што последиците ги трпат нашите сограѓани. И јас неколку пати го имам споменато тоа. Се работи за жал за конфликтна личност, без менаџерска способност, апсолутно никаква, и човек кој што и покрај, ете тоа што нема добар начин на комуникација, нема менаџерски способности, одбива и да прими совет кога некој се труди да помогне за да се надмине одреден проблем.

Дали вие ќе бидете следниот кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ?

Тоа зависи од повеќе фактори. Мене приоритет во моментов ми е да ги дореализирам сите проекти кои што сум се обврзал пред моите сограѓани, да ги реализирам, а де факто најголем дел од проектите ми се реализирани, над 90% имам уште еден сет на проекти кои што не сум ги ветил, но жива материја произлегле и се реализирале. Логички е и нормално секој човек да има амбиција, особено во политиката, да сработи и остави резултати зад себе.

Доколку сметат граѓаните дека јас добро ја водам општината, секако ќе има анкети нашата политичка партија, доколку одлучат граѓаните за тоа, притоа и телата на нашата политичка партија, Централен комитет, Извршен комитет и секако претседателот на партијата, мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје. Не се плашам од работа и сметам дека можам да придонесам многу за градот Скопје.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG