Достапни линкови

Јагнињата во Грција


Производителите на јагнешко годинава ќе извезат поголеми количества на странските пазари, а и цената е повисока од лани.

Обемот на извоз на јагнешко месо годинава е зголемен, а мал дел ќе остане за домашниот пазар велат фармерите. Исто така килограм јагнешко месо ќе се продава по повисока цена од лани, како на странскиот, така и на домашниот
Скоро се што се произведува оди на странскиот пазар. Многу малку останува за домашниот пазар. Скапа е цената за секој потрошувач, сега јагнето е 350 денари во малопродажба, а за Велигден може да дојде и 400 денари.
пазар. Без оглед на тоа, месопроизводителите нема да имаат голема добивка, зашто годинава и сточната храна достигна висока цена, вели Ефтим Шаклев од Здружението на фармери.

„Скоро се што се произведува оди на странскиот пазар. Многу малку останува за домашниот пазар. Скапа е цената за секој потрошувач, сега јагнето е 350 денари во малопродажба, а за Велигден може да дојде и 400 денари.“

Најголем интрес за македонско јагнешко месо и годинава има во Италија, Грција и Хрватска. Овие земји се традицинални партнери на Македонија. Ефтим Шаклев од Здружените на фармери вели дека производителите настапуваат на пазарите секој сам, а не организирано .


„Може да се организираат самите производители, за да не им ја рушат цената купувачите. Секој поединечно си продава, последната цена 180 денари за јагнето за извоз, лани беше 140 денари, значи повисока е од лани, а цената на сточната храна е сто отсто покачена.“

Шанса за себе спроти претстојните празници гледаат и претставниците на винската индустрија. 70 процените од призводството ќе заврши на странските пазари, а во најголем процент во скандинавските земји. Ова се искуствата на компаниите кои имаат обезбедено свои пазари. Но и тие настпуваат кој како ќе се снајде.
Секој поединечно си продава, последната цена 180 денари за јагнето за извоз, лани беше 140 денари, значи повисока е од лани, а цената на сточната храна е сто отсто покачена.

Подобри би било и за нив и за државта доколку зад пласманот има и кампања и стимулации како што прават другите земји, вели Кирил Богоевски претставник на компанија од оваа гранка.

„Државата може да прави како што прават другите, да има поддршка.“

Богоевски вели дека со месеци однапред, земјите планираат настапи на странските пазари. Изгледите за заработка за сите производители овојпат се поголеми, но и конкуренцијата, бидејќи оваа година христиајните заедно го слават Велигден - и православните и католиците.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG