Достапни линкови

Годинава за Велигден намален извозот на македонско јагне


Велигденски јајца
Велигденски јајца
Извозот на јагнешко за велигденските празници е намален во споредба со минатите години, велат извозниците. Економската криза придонела, за послаба побарувачка од страна на традиционалните партнери кои увезуваат македонско јагне пред католичкиот Велигден. Сточарите пак не се задоволни од цената на јагнето. Домаќинките и покрај кризата, велат дека на празничната трпеза, задолжително ќе има и јагнешко. Од кланицата „Жи-Ва“ велат дека оваа година заклале помалку јагниња отколку што очекувале.

„Извозот е помал во споредба со минатите години, што има рефлексија и самата економска криза во светот. Планиравме да заколеме околу 35 илјади јагниња, ни заклавме околи 25 илјади јагниња.“

Вели директорот Трајан Соколов.
Сточарите очекувале подобра цена на јагнето, но не им се исполниле очекувањата. На некои од нив јагнињата им прераснале чекајќи подобра цената:

„Извозот си одеше, само што ние немаме капацитет да заколеме 200-300 илјади јагниња. Ние сите чекаме во последните десет дена.“

Објаснува Зико Ѓоргиевски, претседател на групацијата на одгледувачи на овци. Тој вели останува да го чекаат православниот Велигден за да ги продадат јагнињата што им останале. Борка Кузмановска, домаќинка од Скопје објаснува дека и покрај тоа што е беспарица, за Велигден мора да има јагнешко за ручек.

„И покрај оваа светска криза ние мораме да земеме, ако не цело јагне, како порано, сега барем по едно парче. Ќе обезбиме од се по нешто, но јагнешко мора да има.“

Според податоците од Ветеринарната управа, минатата година е реализиран извоз од два милиони и петстотини илјади килограми јагнешко. Во 2007 та извозот бил поголем. Традиционални пазари на кои се извезува јагнето се
Италија, Грција и Хрватска. Нема нови пазари за извоз, иако досега многу владини претставници при посетите во странство велеа дека договараат извоз токму на јагнешко од Македонија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG