Достапни линкови

Тешко се остваруваат потрошувачките права


Недоволната едуцираност на граѓаните - една од главните причини за тешкото остварување на потрошувачките права.

Колкупати досега на излогот на некоја продавница сте прочитале: „Купените производи не се враќаат и не се заменуваат“? Колкупати сте се расправале со продавачот за производ кој бил со изминат рок или пак сте платиле за услуга која не сте ја добиле, сте се расправале со вработените на шалтер? Во сите тие случаи, вашите права како потрошувачи биле повредени. Ги запрашавме граѓаните дали си ги знаат нивните права.

„Да ви кажам искрено не сум баш информирана, ама досега не сум се соочила со некој проблем за да треба да си ги барам своите права.“

„Не верувам дека си ги знаат, еве и јас не знам, веројатно треба повеќе да се едуцираат граѓаните или да има некаква кампања на телевизија.“
Не верувам дека си ги знаат, еве и јас незнам, веројатно треба повеќе да се едуцираат граѓаните или да има некаква кампања на телевизија.


„Зошто да губиш време, ако нема резултати.“

Според податоците на Организацијата на потрошувачи, граѓаните се повеќе се свесни за своите права но, тешко им оди да си ги остварат.


„Да речеме кај вакви даватели на услуги кои што имаат на некој начин доминантна позиција на пазарот, па не можат да ги остварат, кога се работи за кабелските оператори па не можат да ги остварат своите договори, кога се работи за други видови договори итн. Треба да се следи целосно пазарот за да се види каде најмногу се кршат правата, оти во трката за профит потрошувачите се најслаба карика и сигурно ќе изгубат“, вели Маријана Лончар, претседател на Организација на потрошувачи.

Минататa година, близу 7000 граѓани се пожалиле дека им биле повредени правата како потрошувачи. Дел од преставките ги поднеле до Организацијата на потрошувачи, дел до пазарниот инспекторат, а се
Граѓаните како потрошувачи искажуваат незадоволство за квалитетот на услугите како и непочитување на обврските од договорните односи.
пожалиле и на народниот правобранител.
Во извештајот на народниот правобранител се наведува дека потрошувачките права се на второ место од најголемите проблеми на граѓаните.

„Област во која во извештајната година бројот на преставките драстично се зголемил. Граѓаните како потрошувачи искажуваат незадоволство за квалитетот на услугите како и непочитување на обврските од договорните односи“, вели народниот правобранител Иџет Мемети.

Со пари од ИПА фондовите Македонија во следните две години ќе треба потполно да го усогласи потрошувачкото законодавство со тоа на Европската унија. За прв пат годинава е планирано да се формираат овластени тела кои ќе вршат колективна заштита на потрошувачите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG