Достапни линкови

Неорганизиран пласман на медот


Пчелари
Пчелари

Пчеларите се жалат дека немаат поддршка и помош од државата во наоѓањето на пласман во земјите од ЕУ за продажба на медот.

Прилепчанката Олга Шишкоска цел живот живее со и од пчеларство. Иако е напорна оваа работа, сепак таа е вљубена во својата професија, па нејзините две деца, по завршување на своето образование, во услови на енормна невработеност, одлучиле да се посветат исто така на пчеларство. На четири локации во селата: Небрегово, Бело Поле, Сенокос и Стровија-Прилепско тие одгледуваат над 400 пчелни семејства.
Оваа година ги намалија средствата, се многу пониски, така да тешко пчелар за органско производство би издржал со оваа помош да се работи. Зашто си бара посебни услови, начин на работа, така да тие инвестиции се
мали.


„Во текот на летниот период, летна паша се работи на терен, а зимскиот период ги извршуваме работите дома. Подготовките за сандаци, рамки, што треба, некои стари да се обноват, нови да се направат“, вели Шишкоска.

Во Прилеп единствено ова семејство, произведува мед од органско производство, значи според европските еко-стандарди, па може да ја извезуваат својата широка палета производи од кошница на пазарите во земјите на Европската унија. Но, велат им треба помош од државата.

„Оваа година ги намалија средствата, се многу пониски, така да тешко пчелар за органско производство би издржал со оваа помош да се работи. Зашто си бара посебни услови, начин на работа, така да тие инвестиции се мали“, додава Шишкоска.

Пчелари

Со органско производство се занимава и Нада Маринковиќ од Кавадарци. Таа смета дека државата треба час поскоро да им обезбеди организиран пласман на производите, зашто тие се многу поскапи во однос на оние произведени на конвенционален начин и за нив речиси и да нема потрошувачи во државава.
Немаме организиран откуп. Кога тоа би го имале, моето производство е органско производство трета година, иста е цената со конвенционалниот мед, неорганскиот
поточно.

„Немаме организиран откуп. Кога тоа би го имале, моето производство е органско производство трета година, иста е цената со конвенционалниот мед, неорганскиот поточно. Народот не знае кој е органски, кој е неоргански. Ние сами како единка не можеме да го однесеме нашиот мед во Европска унија. Тоа треба државата да преземе, да имаме една одредена цена која би ја пласирале.“

Од здруженито „Братство“ апелираат надлежните инспекции да ги зголемат контролите во дуќаните и да ги отстранат производите кои се продаваат во замена за мед.

„Ги повикувам надлежните инспекции да ја вршат својата работа, да го контролираат производството на мед. Значи има појава на вештачки мед. Овој мед ние што го нудиме, мед произведен од пчела и тој е добар за здравјето, а се друго сето е штетно по здравјето на човекот“, вели Зафир Зафироски.

За да се стопира продажбата на вештачки мед, сметаат пчеларите, треба и да се зголеми едукацијата на граѓаните за ефектите што ги нуди медот произведен од пчела и другите производи од кошница.

„Да се промени, културата на употребата на медот, да ја промениме навиката, да медот биде употребуван само како лек, туку и како основно средство, од проста причина што енергетското ниво на едно парче со мед, заменува не знам колку други производи“, советува Душко Дабески, претседателот на пчеларското здружение „Братство“.

Пчеларите се надеваат дека ќе имаат соработка со ресорното министерство и дека ќе ги решат проблемите. Така велат ќе се стимулираат многу други семејства да се заминаваат со пчеларство како семеен бизнис, особено во услови на економска криза, која со децении ја тресе Македонија.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG